Една случајна средба ја вивна во ѕвездите: Животната приказна на Наоми Кембел - како стана една од најбараните?

Еден од најпознатите супермодели на сите времиња, Наоми Кембел, вчера наполни 51 година...

Супермоделот Наоми Кембел е родена на 22 мај 1970 година во Стритам, во јужниот дел на Лондон.

Мајката на Наоми, Валери Морис е танчерка по потекло од Јамајка, а токму според нејзината желба, манекенката никогаш не го запознала својот татко, кој ја напуштил нејзината мајка кога била во четвртиот месец од бременоста.

Презимето Кембел го земала од очувот, кој на нејзината мајка ѝ бил втор маж. Преку семејството на татко ѝ има азиски, поточно кинески корени, а нивнито презиме е Минг.

Детството го поминала во Рим, каде нејзината мајка работела како танчерка, а по враќањето во Лондон за неа се грижело семејството, додека нејзината мајка патувала низ Европа на турнеи, со групата „Fantastica“.

Како 10 - годишна девојка започнала да тренира балет, а својот прв јавен настап го имала на 7 години, во спотот на Боб Марли за песната „Is This Love“.

Додека ги разгледувала излозите во „Ковент гарден“ во 1986 годија ја здогледала Бет Болд, директорката на агенцијата „Sinhro model“. Од тогаш нејзината кариера почнала да напредува со брзина на светлината.

Пред својот 16 - ти роденден се појавила на насловната страница на британското издание на магазинот „Elle“.

Непосредно по тоа Кембел била ангажирана од страна на Џани Версаче, Азедин Алаја и други познати имиња за модни ревии, а позирала и за сите познати модни фотографи.

Заедно со Кристи Тарлингтон и Линда Евангелиста го формила „тројството“ кое било препознатливо насекаде во светот.

Со оглед на тоа дека е темнокожа, се соочила и со дискриминација, но имале неверојатна поддршка од своите пријателки.

По тоа таа посочи дека Тарлингтон и Евангелиста им кажале на „Долче и Габани“ дека „ако не ја ангажираат Наоми, ни тие нема да сакаат да работат за нив“.

Наоми поддржува бројни добротворни организации, а во 2005 година ја основаше организацијата „We Love Brazil“, преку која ја подигна свеста за сиромаштијата во Бразил и им помага со продажба на материјалите кои ги прават Бразилките.

Во 1987 година се појави на насловната страница на британскиот „Вог“, а тоа беше првпат од 1966 година да ангажираат манекенка со црна боја на кожа. Следната година стана и првата девојка со темна кожа која се сликала за францускиот „Вог“. Генерално, Наоми Кенмал беше првата темнокожа манекенка која се фотографирала за многу магазини, вклучувајќи го и „Тајм“.

За да не биде сѐ бајковите и сјајно, таа имаше и падови - еднаш кога во високи потпетици се сопна и падна на модната ревија на Вивијен Вествуд, а тие чевли подоцна беа изложени во музејот  „Викторија и Алберт“ во Лондон.

Покрај нејзиниот успех, менаџментот на „Елит модел“ кој ја застапуваше од 1987 година ѝ даде отказ со објаснување дека „ниту една количина на пари и престиж не може да го оправда нејзиното однесување кон вработените и клиентите“.

Во 90 - тите години, Кембел почна да се пробива и на други полиња. Нејзиниот роман „Swan“, кој по нејзината приказна го напиша Керолин Апчер, доби лоши критики. Во тој роман станува збор за позната манекенка која ја уценуваат, а Наоми подоцна кажа дека „едноставно немала време да седне и да напише книга“.

Наоми истата година го издаде и својот албум под назив „Babywoman“, што е инаку нејзин прекар кој ѝ го дал дизајнерот Рифат Озбек. Тој албум доживеа комерцијален успех во Јапонија, но на ниту едно друго место не доби некое значајно внимание.

Наоми во тие години имаше и помали улоги во филмо „Miamy Rhapsody“ и во втората сезона на серијата „New York Undercover“.

Пред две децении, во 1998 година, магазинот „Тајм“ објави крај на ерата на супермоделот. Дотогаш Наоми веќе се повлече од модните писти, но и понатаму се фотографираше и појавуваше во реклами. Следната, 1999 година потпиша договор со позната козметичка куќа и креираше неколку свои парфеми.

Оваа атрактивна дама никогаш не се омажи. Едно време се забавуваше со боксерот Мајк Тајсон, потоа со Роберт Дениро, со басистот од групата U2, Адам Клејтон со кој беше и верена, со танчерот Хоакон Кортес. Подоцна беше верена со возачот на формула 1, Флавио Бијаторе.

Во 2008 година беше во врска со рускиот бизнисмен Владислав Доронин, со кој раскина во 2013 година. Сега е во врска со раперот Скепта.

Инаку, познатата манекенка пред неколку дена ја изненади јавноста кога се пофали дека станала мајка, иако никој не знаеше дека очекува дете.

Таа оваа вест ја сподели на Инстаграм, со фотографија на која во својата рака го држи стапалото на бебето.

„Преубавото мало чудо ме одбра да бидам негова мајка. Почестена сум што ја имам оваа нежна душа во својот живот и немам зборови за да ја опишам врската која ја делам со тебе, ангеле. Нема поголема љубов“ - порача Наоми.

Сепак, сѐ уште не е познато дали девојчето е биолошко дете на познатата манекенка или станува збор за посвојување.

фото: PA Media