Едно мало невнимание, може да не чини многу скапо: Илина Арсова за борбата со ковид19

Илина Арсова која ја знаеме како љубов на омилениот Игор Џамбазов на социјалните мрежи ја сподели нејзината приказна и борба со ковид вирусот.

„Ме зарази асимптоматски преносител во Охрид, кој дури кога го доби својот позитивен резултат од пцр тест, не ми се јави да ми каже, туку јас од друга страна требаше да разберам.

И покрај тоа што мислев дека се работи за обична настинка, се тестирав штом стигнав назад во Дојран, и по добивање на позитивниот тест веднаш ги контактирав луѓето (вкупно тројца) со кои имав контакт тие денови. За најголема среќа и можеби божја воља вирусот не го бев предала на никој, што ми олесна“, започнува да раскажува Илина.

Раскажувајќи го понатаму патешествието што и како и се случувало, на крај Арсова, упатува и една силна порака.

„Компликациите од post acute covid syndrome може да траат и со месеци, што уште повеќе влијае врз психата на еден, до вчера совршено здрав човек, кој наеднаш е принуден да се соочи и прифати сосема нова реалност.

Затоа драги мои, пазете се и чувајте се! И не плашете се да споделите и зборувате за тоа. Бидејќи со размена на искуства само може да си помогнеме. Не бидете дел од стадото со мозок колку кикиритка, што мисли дека ако не те дознаат, не било! Тоа е исто како да сте болен од сида и знаејќи го тоа легнувате со што повеќе партнери без да ги предупредите дека сте носител на смртоносна болест. Себично зарем не?

Ајде ве молам да работиме на ова, да ја искорениме себичноста, неодговорноста и примитивизмот што не влече назад. Прво, бидејќи со тоа може да спасиме нечиј живот, второ еднаш и засекогаш да изградиме вистински трајни вредности во ова општество“, го завршува постот на Фејсбук, Илина Арсова.