„А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?“: Џамбазов и Илина слават една година љубов, Игор открива како ја започнале врската

Романтично сеќавање на првата гушка.

Омилениот пар на македонската сцена прославуваат една година откако се во љубовна врска.

Пред една година се спои неспоивото, се вљуби невљубивото, е реченицата со која шоуменот ја опиша врската со алпиниската Илина Арсова.
Врска за која, поради активното споделување фотографии на социјалните мрежи, мислиме дека многу знаеме, а сигурни сме дека има толку многу работи кои ги чуваат само за себе, далеку од очите на јавноста.

Сепак, парот несебично ги части обожавателите со заљубени фотки, каде и како ги минуваат деновите, како се забавуваат, а нивната искреност е тоа што најмногу го ценат нивните поддржувачи.
За само неколку месеци тие станаа омилен пар, водејќи не' низ нивните авантури, во нивен хумуристичен стил.

Неодамна Игор зборуваше за почетоците со Илина и дека тој го направил првиот чекор.

А сега, на денот на нивната годишнина Игор раскажа како ја започнале нивната врска на денешен ден и на романтичен начин опиша како ја започнале врската:

„Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: "А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?" Излеговме од "Ланусот" и...ја гушнав. Гушката се уште трае...“, напиша Џамбазов.