(ФОТО) Џамбазов се пофали со силната девојка: Илина против гравитацијата

Шоуменот и водител Игор Џамбазов, откако е во врска со алпинистката Илина е многу поактивен на социјалните мрежи. Тој редовно споделува фотографии од местата кои заеднички ги посетуваат низ Македонија.

За само неколку месеци станаа омилен пар, водејќи не' низ нивните авантури, во нивен хумуристичен стил.

Со физичката подготвеност на Илина, сите сме добро запознаени, сепак станува збор за девојка што ги искачи сите највисоки врвови на седум континенти, иако на почетокот од нивната врска, во интервју за Женски магазин, Илина се пошегува „да знаев дека олку популарен се станувало со вљубување во јавна личност, не ќе се мачев толку со планините“.

Па со право, Џамбазов и овојпат со фотографија си ја пофали девојката, колку е силна и физички подготвена.

„Фак земјина тежа“, напиша шоуменот во описот на фотографијата.