Игор Џамбазов: За фризурата на Илина се погрижи ветерот

Добивај вести на Viber

Шоуменот и водител Игор Џамбазов, откако е во врска со Илина е многу поактивен на социјалните мрежи. Тој редовно споделува фотографии од местата кои парот ги посетува.

Овој пат тие ја посетиле родната куќа на Мустафа Кемал Ататурк, основоположникот на модерна Турција, која се наоѓа во село Коџаџик, општина Центар Жупа. Џамбазов во свој стил, се пошегува со фризурата на својата сакана.

„Пред куќата на Али Риза Ефенди, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, село Коџаџик, општина Центар Жупа. Браќа турци, шо не останавте уште 500 години да му се невиди...за фризурата на Илина се погрижи ветерот...“, напиша Игор.



Фото: Инстаграм

(ФОТО) Таа е сѐ што имам: Игор Џамбазов со љубовна роденденска честитка за Илина