Јас го направив првиот чекор: Игор Џамбазов за почетоците со Илина Арсова
За екстрадниот магазин „Бекстејџ“, Игор Џамбазов отворено и за прв пат проговори за врската со алпиниската Илина Арсова.
Во мај годинава, за Женски магазин, Илина ексклузивно ја потврди веста за нивната врска.
А откако се во врска тие се многу активен на социјалните мрежи, редовно споделувајќи фотографии од местата кои заеднички ги посетуваат низ Македонија.
Па за само неколку месеци станаа омилен пар, водејќи не' низ нивните авантури, во нивен хумуристичен стил.
Сега Игор откри како нешто повеќе за нивната врска.
- Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг (мислејќи на нејзините достигнувања во планинарењето), сфаќаш дека имаш работа со посебен човек. И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не' порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот, - раскаќува Џамбазов.
Околу тоа како се запознале, Игор призна дека тој прв и' се јавил:
-Го најдов нејзиниот број преку заеднички пријатели и кога ми рече „Ало“, се претставив и и' кажав дека сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да се запознаам со неа.
За идните планови со Илина не сака да планира, бидејќи така често доаѓа до несакани ситуации и последици, па затоа вели „ќе видиме“.
Повеќе дознајте од интервјуто на Џамбазов за Бекстејџ: