Едноставни и лесни, а ретко видени идеи за декорирање на велигденски јајца

Добивај вести на Viber

Боењето и декорирање на велигденски јајца е традиција која датира од најстари времиња . Некогаш јајцата се боеле искучиво со црвена боја, додека денес има безброј начини да ги обоите и украсите.

За вас имаме неколку интересни предлози кои ќе ви помогнат да имате најубави украсни јајца, дури и ако не сте талентирани и креативни.

Монограм јајца

Обележете го секое место на велигденската маса со прекрасни јајца кои ја имаат првата буква на секој гостин. Потребна ви е акрилна боја (разредена со малку вода) . Со помош на мала четка напишајте ги почетните букви на вашите домашни. Наш предлог е да користите златни нијанси.


Јајце - зелена салата

Зелената салата е симбол на пролетта, а јајцата во оваа боја ќе ја декорираат вашата маса на најубав начин. Обојте го целото јајце со зелена боја, а потоа по сушењето нацртајте „линии“ со помош на бел молив.



Мермерни украсни јајца

Може да користите било која боја лак за нокти за да го креирате овој мермерен дизајн , но индиго плавата изгледа посебно.


Јајца со бели акценти

Користете бел молив за да додадете неколку едноставни примероци на светло смеѓите јајца.


Жолто пругасти јајца

Јајцата бојте ги со жолта боја. Доколку сакате природна боја може да користите куркума. Кога ги обоите јајцата залепете шарени самолепливи траки во различни бои.

Зајак јајца

Зајакот е симбол на Велигден, а вашите деца ќе бидат воодушевени со овој забавен дизјан.