Едноставни совети за балансирани денови дома
Зафатениот живот со премногу обврски и брзање да се стигне насекаде сега е заменет со #седидома и извршување на истите обврски од удобноста на нашиот дом.
Дали е возможно да се балансираат работата и семејството од домот, останувањето фит и консумирањето нездрава храна од досада? Дали е лесно да се остане среќен и мотивиран во овие моменти на паника?
Да, верувајте дека е можно - има време да се најде начин да се организира и да се направи сè што може да замислите. Потребен е само баланс.
А како да го одржите вашиот баланс и да останете среќни во исто време? Прочитајте ги и обрнете внимание на нашите седум едноставни совети за балансирани денови дома:
1. Разбудете се наспани и одморени за новиот ден
Треба да бидете сигурни дека сте се наспале доволно изминатата вечер, дека се храните здраво, дека вашата работа не го презема целосно вашиот живот до исцрпување (физички и психички), и треба да бидете сигурни дека дури и кога сте зафатени, останувате избалансирани со тоа што ќе знаете дека вашите основни човечки потреби се исполнети и задоволени.
2. Направете план, но не се грижете ако нешто излезе од контрола
Добро е доколку денеска знаете што се наоѓа на вашата листа на обврски и желби, па чувството кога ќе ги „штиклирате“ како исполнети ќе ви донесе среќа. Сепак не можете да ги земете предвид сите околности, така што не се грижете доколку снема интернет додека сте на видео повик со вашите колеги од работа, сигурно ќе ве разберат.
3. Останете хидрирани
Водата е неопходна за животот на човекот. Затоа шишенце со вода во ваша близина во текот на целиот ден е неопходно за балансиран и здрав ден. Внесувајте течности колку што е можно повеќе, тоа е одлична превенција од настинки и вируси.
4. Хранете се здраво со проверени и квалитетни производи
Во време на вонредна состојба поради коронавирусот, сите треба да останеме во својот дом. Првите неколку дена од домашната изолација ни беа супер за одмор и релаксација, но како што поминува времето, ни станува сè подосадно, а тоа значи и многу повеќе отворање на фрижидерот и барање и внесување храна неконтролирано. Сигурно ќе се согласите дека тоа не е од глад, но од досада. Затоа ви предлагаме наместо нездрава храна, да се потпрете на веќе докажаните производи за здрав оброк и при секое јадење да ги користите за да немате никаков проблем со вашиот дигестивен систем, но ни со вишокот килограми. Јогуртот и киселото млеко Баланс+ од се одлични и квалитетни производи кои ќе ви помогнат за одржување на балансот во текот на денот, но и за среќата и задоволството на вашиот организам.
5. Вежбајте и останете фит
Не е важно колку време посветувате на вежбањето... ќе разбереме дека сте уморни од сите обврски, па немате ни половина час за да направите онлајн тренинг. Сепак тоа не е изговор - ако не можете да се вклопите во еден час тренинг, не значи дека треба да заборавите на вежбањето. Дури и 5 или 10 минути е подобро отколку да не направите ништо. Обидете се да држите „планк“ околу 3-5 минути или трчајте (по скали или во дневна) 7 минути. Ова е сосема доволен и ефикасен тренинг.
6. Погрижете се за своите емоции
Менталното здравје е исто онолку важно колку и физичкото. Затоа е неопходно да се погрижите да останете мотивирани и да имате позитивни мисли во текот на целиот ден. Гледајте мотивирачки видеа, читајте мотивациски книги и пораки, следете позитивни личности... Обидете се да ја најдете вашата медитација и вашиот внатрешен мир, кој ќе ви донесе баланс во животот.
7. Имајте време само за себеси
На крајот на денот, посветете си половина час само на себе. Кога децата ќе заспијат, телефоните ќе прекинат да ѕвонат, работните обврски се завршени.... време е за вас. Иако не излегувате од дома, не заборавајте на грижата за себеси. Прочитајте ја одново вашата омилена книга, изгледајте го филмот кој одамна сакавте, направете бања со миризлива купка, пијте вино со самите себе... заблагодарете се за уште еден успешен ден.