Едноставни вежби за олеснување на болки во грбот: Еве што препорачува јога инструкторката Ивана Стаменковска
Современиот начин на живот и фактот дека повеќето седиме во канцеларија пред биро не поттикнува многу движење. Особено претходните две години, кога голем број од луѓето работеа, а некои од нив се‘ уште работат од дома пред лап-топи или компјутери.
Повеќе часовното седење е штетно за здравјето и може да предизвика непријатна болка во грбот.
Имајќи го во предвид ова, јога инструкторката Ивана Стаменковска на својот Инстаграм профил сподели две видеа во кои покажува неколку едноставни вежби кои ќе ви помогнат во олеснувањето на болките во грбот:
Вежбите не се претешки за правење, а според инструкторката доколку ги практикувате ќе ви помогнат во олеснувањето на болката, или како што напиша таа: „Ќе почуствувате отварање на средниот дел од грбот и рамениците“
Пробајте, сигурно нема да зажалите.
Фото и Видео: Инстаграм - Ивана Стаменковска
Можеби ќе ве интересира:
Животот е едноставен ако си и ти: Интервју со Ивана Стаменковска, јога инструкторка и инфлуенсерка