Едноставно мора да ги сакате: Четири типа на луѓе родени во декември

Добивај вести на Viber

Луѓето родени во декември се посебни - дознајте на кој тип припаѓате вие или некој од вашите драги луѓе!

Крајот на годината ни пристигнува, а со него за многумина најстудениот и најрадосниот месец - декември.

Хороскопскиот знак на луѓето родени во декември е Стрелец или Јарец. Скапоцените камени на луѓето родени во декември се танзанит, циркон и тиркиз, а кога се цвеќињата во прашање, тоа се нарцис или зеленика.

За овие луѓе се смета дека се дисциплинирани, лојални, дарежливи, амбициозни, влијателни...

Сите луѓе родени во последниот месец од годината се делат на четири типа. Проверете на кој припаѓате вие или некој од вашите драги луѓе.

* од 1 до 8 декември

Личностите родени во првите денови од декември сакаат стабилност и не си дозволуваат непријатностите да ги размрдаат во било која смисла. Понекогаш ќе помислите дека се малку арогантни, но всушност само имаат доволно самодоверба и јасен став. Сакаат големо друштво. Многу се храбри.

* од 9 до 15 декември

Овие личности се одлични советници, поддршка и ќе ви бидат најдобро рамо за плачење. Тие се многу силни и токму затоа што поминале низ разни неволји, ќе знаат да ви се најдат кога ќе ви биде најтешко. Лесно и брзо ги решаваат како своите, така и проблемите на другите. За нив не постои неостварена цел.

* од 16 до 22 декември

Овие луѓе имаат многу среќа! Тие се слободоумни, мудри, концентрирани. Го живеат животот комплетно и никогаш не се оптеретуваат со тоа што ќе им каже некој друг. Секогаш го привлекуваат вниманието со својот стил и став.

* од 23 до 31 декември

Нема пооптимистични од нив! Тие се дружељубиви, емотивни, посветени на своето семејство, пријатели и блиски луѓе. Ако ве пуштат во својот круг на луѓе, значи дека ви веруваат и дека ги забавувате. Сакаат да патуваат и секогаш од нив може да слушнете нешто ново и креативно.

фото: ALENA OZEROVA/SHUTTERSTOCK