Едноставно, но толку смело: Црниот фустан на Џенифер Лопез секоја жена ја претвора во заводничка (ФОТО)
фото:SETH BROWARNIK/STARTRAKSPHOTO.CO / INSTAR IMAGES / PROFIMEDIA
Џенифер Лопез и Бен Афлек блескаат заедно и секогаш привлекуваат внимание, каде и да се.
Откако повторно ја разгори љубовта со Бен Афлек, латино дивата Џенифер Лопез е посреќна од кога било, а оваа вљубена двојка неодамна му оддаде почит на нејзиниот покоен пријател и познат американски бизнисмен Џ.Р. Ридингер.
Бизнисменот почина на јахта во Хрватска, а од него се простија многу познати ѕвезди, меѓу кои Ким Кардашијан, Алиша Кис, Џејми Фокс, додека Џеј Ло пееше песна во негова чест.
фото:SETH BROWARNIK/STARTRAKSPHOTO.CO / INSTAR IMAGES / PROFIMEDIA
Џеј Ло го украде целото внимание дури и на ваков настан. Таа се појави во елегантен црн фустан на Шанел, кој е лелеав и одлично ги истакнува нејзините облини.
фото:SETH BROWARNIK/STARTRAKSPHOTO.CO / INSTAR IMAGES / PROFIMEDIA
Длабокото деколте и тенките прерамки беа посебни детали на фустанот, а целата комбинација ја заокружи со високи сандали и ефектен накит, каде најмногу се истакнаа алките, едната во златна, а другата во бела боја.
Пејачката се одлучи за минимална шминка и пуштена коса, додека Бен Афлек носеше класичен костум.
извор:GLOSSY