Ексклузивно од разурнатиот Кахраманмарас во Турција- Хилми Ондер, кој изгуби тројца членови од семејството, ја бара својата ќерка: Не знам во која болница ја однесоа, ниту дали е жива
Во земјотресот кој го погоди југот на Турција покрај самата турско-сириска граница настрада и градот Кахраманмарас. Многу згради се уништени, а во една од нив живеело и семејството на Хилми Ондер.
- Нашата зграда од три ката се сруши цела. Починаа татко ми, тетка ми и мојата снаа. Бидејќи настрада и болницата во градот, ќерка ми ја однесоа во некоја од здраствените установи во околните места. Не можеме да добиемеинформацијадали е жива или почина. Никој не знае каде е? Ситуацијата е многу лоша.– ни изјави Ондер.
На една од Фејсбук групите со над 16.000 членови претежно од Кахранмарас, каде и го исконтатиравме Хилми, постојано се споделуваат информации за состојбата во градот и за изгубените лица.
- Исчезнаа сите наши спомени, нашата дружба со пријателите кои ги посетувавме. Исчезнаа местата на кои мислевме да изградиме чаршија. Нашето минато исчезна во овој град. – пишува еден граѓанин на Кахраманмарас.
С.А.НФото: Инстаграм