Експертите советуваат: Која температура е идеална за стилизирање на коса
Доколку вашата преса за коса има опција на подесување температура, би требало да научите на која треба да ја подесите за да не ја оштетите косата ...
Апаратите за стилизирање на косата, кои работат на топлина не се ниту малку за шега. Повеќето од тие апарати се подесени да се загреваат на околу (или над) 200 степени, а ако ви е позната приказната за изгорениот прст можете ли да замислите што таа температура и прави на вашата коса секој пат кога ќе ја исправите или виткате?
Идеална температура за стилизирање на косата е 185 степени, што е и научно докажано oд страна на Доктор Тим Мур кој извршил еден експеримент кој ќе ви ја промени свеста за температурата и топлината која ја користите за разубавување на косата.
Зошто 185 степени е идеална температура за стилизирање на вашата коса?
Затоа што токму овој број е идеална „средна“ точка во која топлината продира низ липдите во косата и доволно е да им го промени обликот во саканата, без горење и предизвикување електрицитет.
Иако сега знаете зошто пресата секогаш треба да ја држите на оваа температура, препорачуваме што помалку да ги употребувате овие апарати за коса и макар три пати неделно да ја одморите од стилизирање за да ја зачувате убава и здрава.