Елеганција во вртоглаво високи потпетици: Нејзиниот фустан зборува 1000 јазици и е олицетворение на чиста отменост

Добивај вести на Viber

Синоќа во Лондон се одржаа престижните британски награди за независен филм, а на црвениот тепих прошетаа многу познати дами. Парадата на гламурот и елеганцијата ја предводеше актерката Кејт Бекинсејл, која ги воодушеви сите во едноставен, но многу моќен бел фустан со сребрени ракави кој ја истакна нејзината витка фигура. 

Прекрасно изгледаше и младата Софија Баркли во едноставен црн сатенски фустан, а Рут Вилсон во морнарски плиш комбинезон исто така ги воодушеви модните критичари. 

Во нашата ГАЛЕРИЈА погледнете ги сите изданија на познатите дами од овој настан.

Фото: Профимедиа