„Елегантно и смело, за вистински дами“, предновогодишна модна ревија во „Ист Гејт Мол“ (ГАЛЕРИЈА)
Како да се чувствувате убаво за новогодишните празници и кој моден избор да го направите, покажаа моделите на ревијата што сношти се одржа во „Ист Гејт Мол“.
Модели од модното студио „Црнокрак“ прикажаа повеќе шик и елегантни комбинации од брендовите кои се наоѓаат во молот, надополнети со модни дотатоци, накит и чанти. Прво се прошетаа на пистата, за публиката на ревијата, а потоа на ескалаторите на молот, за да ги видат и останатите посетители, што беше интересен детаљ во организацијата.
Секоја модна комбинација носеше своја порака која ја раскажа водителот на настанот Димитар Атансовски. „Елегантно и смело, за вистински дами“, порача Димитар.
Видовме и спортски и поелегенатни комбинации за секој пригода, но најприлагодени за празниците што следат.
Новиот скопски троговски центар се отвори на крајот на октомври и нуди 250 продавници. Голем дел од бендовите кои ги нудат беа прикажани на предновогодишната модна ревија која разбуди голем интерес.
Ревијата ја затвори појавувањето на атрактивната Калтрина која е бренд амбасадор на молот.
(М.Џ.)
Фото: В.Тануровски
ГАЛЕРИЈА: