Елегантно сако, класични панталони и минимална шминка: Ангела Меркел доследна на стилот и во Ватикан

Добивај вести на Viber

Иако честопати можеме да ја видиме ценетата канцеларка во ефективни бои и комплети, таа избра темна нијанса за да го посети светото место, но не се откажува од омилените сакоа.


Германската канцеларка и една од најмоќните дами во светот - Ангела Меркел честопати доаѓа во центарот на вниманието на јавноста поради нејзините конзистентни комбинации на облека, за кои често вели дека е самосвесна, одлучна и непоколеблива жена, родена лидер и водач.



Овој пат, Меркел и нејзиниот сопруг Јоаким Зауер го посетија Ватикан, каде се сретнаа со папата Франциско.




За оваа необична пригода, Ангела избра препознатлив крој на сако со три копчиња и широки панталони во црна боја, а на конференции, состаноци и јавни настапи често можеме да ја видиме во специфични, светли бои кои имаат за цел секогаш да биде забележана и примарна личност на собирите, барем така велат експертите за личен развој и бизнис.



Од друга страна пак за прошетката низ Италија со Марио Драги, Меркел носеше бело сако.


Целта на канцеларката е секогаш да изгледа префинето, елегантно и уредно, а класичните кроеви не ја спречуваат за нејзините комбинации да се зборува во Европа. Сведена фризура, минималната шминка и додатоците придонесуваат за сериозност и мудрост, а таа умее да ја разбие монотонијата со ефективен ѓердан или брош.


Фото: Инстаграм

Германците ја нарекуваат МАМА, живее во изнајмен стан: Факти за Ангела Меркел