ЕЛЕКТРОНСКИ ЌЕ СЕ ЧИТА QR-КОДОТ НА КОВИД СЕРТИФИКАТИТЕ: Здравствените власти бараат да се засили контролата
Министерот за здравство, Венко Филипче нагласи дека ќе инсистираат да се засили контролата на ковид сертификатите, особено по укажувањата од страна на јавноста дека илјадници граѓани поседуваат лажни, односно фалсификувани сертификати.
-Бараме да се ажурура процесот за спроведување на контрола на здравствените сертификати, од страна на сите инспекторати и Министерството за внатрешни работи. Имаме електронски алатки, не се само хартиените сертификати. Европските сертификати може да се симнат на мобилните телефони. Има апликација којашто го прикажува вистинскиот QR код и има апликација која ја контролира неговата валидност. Ова значи дека се елиминира можноста да имаме фалсификувани сертификати. Тие две апликации се MK Wallet и MK Verifier кои ги има и на Google Play и на Apple. Ова е мерка со којашто очекуваме значајно да се зголеми опфатот со вакцинацијата, изјави министерот Филипче.
Детали читајте на Фактор тука.