Елена Ристеска во друштво на Ханка Палдум и Биг Мама во Турција: Прогласена за најдобар Македонски уметник на „Best Of Rumeli 2021“

Добивај вести на Viber

Наградата „Најдобар македонски уметник“ од церемонијата 'Best of Rumeli 2021' која се одржува во Турција, е во рацете на нашата прекрасна Елена Ристеска.

Елена блесна на сцената во Истанбул каде се одржуваше церемонијата а дел од атмосферата сподели на социјалната мрежа Инстаграм.


Меѓу фотографиите, пејачката објави и една на која се гледа дека е во друштво на познатата Ханка Палдум (прогласена за „Најдобар босански уметник“и Биг Мама („Најдобар албански уметник).


Наградите 'Best of Rumeli 2021' се организирани со цел да бидат најсилен мост кој ја поврзува Анадолија и балканскиот свет.


Во Концертната сала „Џамал ​​Решит Реј“ синоќа се одржа церемонијата на доделување на наградите во организација на Здружението на Балканската асоцијација Румелија под покровителство на Медиа Груп Демирен. Некои од наградените уметници излегоа на сцената и пееја песни како дел од церемонијата.