Елена Велевска има нов дечко

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Елена Велевска, која според пишувањата на медиумите неодамна се раздели од сопругот Маријан има нов дечко, објави ТВ емисијата „Ексклузив“.

Наводно, Велевска е вљубена во македонец кој долги години живее во Америка. Го запознала додека била на турнеја низ САД за време на нејзин настап, откако ѝ подарил цвеќе.

Велевска официјално не потврди дали се разведува од сопругот Маријан 

Велевска која минатата година објави дека се разведува од сопругот поради семејно насилство, а потоа реши да му даде шанса на бракот за доброто на децата, официјално не даде изјава на оваа тема.

Елена и Маријан имаат три деца.