Елена Велевска со нова фризурата: Промената почнува на крајот на твојата комфорна зона

Добивај вести на Viber

Фолк пејачката Елена Велевска е препознатлива по нејзината долга и убаво негувана коса. Низ годините бојата на косата ја менуваше, беше руса, светло кафеава, нијансирана, но промената која ја направи сега навистина е драстична.

Пејачката долгата коса ја скрати и сега има боб фризура. По насмевката на нејзиното лице сигурни сме дека и таа е задоволна со промената, а и ние велиме дека промената што ја направила е за чиста десетка.


Никогаш нема да го промениш животот, додека не излезеш од комфорната зона. Промената почнува на крајот на твојата комфорна зона“, напиша до објавата Елена.

Убавите коментари за промената веднаш пристигнаа под фотографијата на Велевска.


Фото: Фејсбук - Елена Велевска

Фото насловна: Инстаграм - Елена Велевска/ Фејсбук - Елена Велевска

Можеби ќе ве интересира:

- Животот е посебен за посебни луѓе: Елена Велевска ужива во Дубаи (ФОТО)