Животот е посебен за посебни луѓе: Елена Велевска ужива во Дубаи (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фолк пејачката Елена Велевска на својот профил на Инстаграм се пофали дека ужива во убавините на Дубаи.


На прошетка во лежерен фустан со животински дезен, Велевска напиша: „Животот е посебен за посебни луѓе“.

Потоа пак сподели како се забавува во локал кој има прекрасен поглед на целиот град.

41-годишната пејачка кон крајот на изминатата година во интервју за „Бекстејџ“ со солзи во очите го нарече поранешниот сопруг насилник, кој ја исфрлил на улица и ѝ ги зел децата. Велевска е сега посветена на кариерата, и скоро секој ден има настапи, но децата многу ѝ недостасуваат.