Фолк пејачката скромно го прослави роденденот: Елена Велевска наполни 41 година (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фолк пејачката Елена Велевска вчера наполни 41 година. Овој роденден таа го прослави во кругот на семејството, најблиските и трите дечиња во Охрид.

„Среќниот човек е како сонце.
Каде оди сѐ осветлува“, напиша пејачката во постот под фотографијата која ја сподели на Инстаграм.



За фолк-пејачката Елена Велевска, минатата година беше доста бурна. Таа потврди дека се разведува од сопругот со кој ги има трите деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко, а од неодамна живее и оддвоена од нив.А секако Софија, Марко и Калија се нејзина најголема радост па слободните денови ги користи исклучиво за нив.

Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа откри дека потешко оди гледањето со децата, бидејќи тие се во Охрид, а таа е во родниот Прилеп. 

„Не ништо завршено со нашето судење, но за да не се прават стресови за децата, бидејќи се израснати во Охрид, секогаш ја гледаме најдобрата страна за нив, бидејќи јас и сопругот повеќе не сме во прашање и функционираме подобро разведени, отколку во брак.Секогаш ќе гледаме за нивно добро, бидејќи имаме три деца и многу е поубаво да останеме во добри односи“ - искрена беше Елена.

Елена Велевска е олицетворение на македонска убавина.

Не дека жените во нивните 40- ти години не изгледаат убаво ( ако се следи трендот, тие се новите 20- ти години), ама фолк пејачката Елена Велевска навистина изгледа волшебно. 

Вито тело, негуван изглед, стилски усогласена, едноставно парира на светските музички диви. Мајка е на три деца, успева да ги усогласи сите обврски и секогаш да биде во топ форма. Така е и сега.

Фото: Инстаграм