Ѝ ги зеде децата, го нарече насилник кој ја исфрлил на улица: Елена Велевска во солзи, но се бори како лавица

Добивај вести на Viber

За фолк-пејачката Елена Велевска, минатата година беше доста бурна. Таа потврди дека се разведува од сопругот со кој ги има трите деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко, а од неодамна живее и оддвоена од нив.

Елена Велевска сега гостуваше во „Бекстејџ“ и ја раскажа вистината за старателството над децата од страна на поранешниот сопруг и за тоа дека повеќе од 2ипол години се бори да ги врати дома. Пејачката потврди дека во годинава што изминува изгубила сè, но останала многу силна. На прашањето на новинарката, што е вистина, а што невистина од она што секојдневно се зборува за животот на пејачката, таа кажа: 

„Оној којшто е добар и хуман човек ќе остане и ќе биде таков, во случајов јас, ќе бидам пример и хумана жена, за моите деца, за луѓето за коишто им треба помош, и нема никого да исфрлам на улица како што бев јас исфрлена во градот во којшто стекнував сè, и направив 12 години. Не ми е верувајте тешко да почнам од почеток, бидејќи ми е најважно достоинството, луѓето коишто ме опкружуваат, коишто не гледаат од интерес од мене, и коишто ми помогнаа кога ми беше најтешко да станам на нозе и да бидам силна жена, да се борам, а во иднина и да останам пример за јавна личност.

Многу ми е мило што имам три паметни деца, три златни деца коишто верувајте и тоа како имаат кариера и талент на мама. Мене не ми е битно дека старателството или листот ми го зел насилникот на кој му треба архива од хартии, мене не ми требаат лисја, верувајте ми. Мене ми треба топлина, јас ја имам мајчината љубов безрезервна и со ништо не може ниту еден човек да ме уценува и да ме држи онаму каде што не припаѓам. Се знае каде припаѓаат децата, тие се секогаш во моето срце полно со љубов и топлина, и го чекам денот кога ќе ми бидат вратени кај мене“.

Елена со солзи на очите додаде дека децата многу ѝ недостасуваат, но дека си го нашла мирот. Сепак не можеше да се воздржи и на сред снимање се расплака и побара мала пауза.

По паузата пејачката кажа дека продолжува да го прави она во што е најдобра, 

и сега живее во Скопје каде што работи на нов проект со староградски песни. Една од нив е отпеана со нејзината ќерка Софија, за што ѝ е посебно драго.


Фото: Принтскрин/Јутуб/Backstage Media