Еликсир кој ги чува белите дробови: Здрав и природен пијалак од оригано и мед
Можете лесно да направите природен лек со оригано
и мед, истиот треба да го консумирате по една лажица секое утро.
Ориганото е зачин кој дава на храната специфичен
вкус, особено ако уживате во италијанската кујна. Покрај својата единствена
арома, ориганото се карактеризира и со бројни лековити ефекти, а и познато е
дека има корисен ефект врз здравјето на респираторниот систем.
Самиот Хипократ го користел ориганото како
антисептик, а присуството на рузмаринска киселина и тимолот во оригано го прави
овој зачин одличен предизвикувач на имунитет. Има антибактериско дејство, е
природен диуретик, го подобрува здравјето на срцето и го детоксифицира
организмот.
Ориганото често се користи за ублажување на
кашлицата и респираторните проблеми при астма и бронхитис, но исто така е
одлично за спречување и зачувување на здравјето на белите дробови и
респираторниот систем.
Може лесно да направите природен лек од оригано и мед, кој ќе ви ги чува белите
дробои и ќе ви го зголеми имунитетот. Еве што ви е потребно за да го направите:
Рецепт за
природен лек од оригано и мед
Земете една тегла од еден литар и наполнете ја до
половина со свежи лисја од оригано (пополнете 1/4 од теглата ако користите суво
оригано), а другата половина пополнете ја со ливадски мед. Добро измешајте за
да исчезнат сите меурчиња.
Затворете ја теглата добро и оставете да отстои 30
дена крај прозорецот, односно на светло место со многу сончеви зраци. По 15
дена, свртете ја теглата наопаку за повторно обединување на сè.
Кога ќе поминат 30 дена, можете по желба да ги
отстраните лисјата од оригано од теглата. Чувајте го лекот затворен и земајте по
една лажица секое утро.
Извор: glossy.rs
Три состојки кои можат да ја поразат и најсериозната болест!