Елизабета во креација која е достојна за Прва дама: Синиот фустан ја истакна нејзината мудрост и лојалност
Многу жени со своите успешни професионални приказни претставуваат поттик за другите да тргнат по нивната патека.
Дел од постигнувањата на нашите успешни жени во различни области беа претставени на панел-дискусијата „Жените инспирираат“ во Националната галерија Чифте амам.
Заедно со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер , првата дама Елизабета Ѓоргиевска вчера се запознаа со значењето и историјатот на галеријата Чифте амам.
За средбата, односно пречекот на Дорис Шмидауер, првата дама на Австрија, сопругата на претседателот Пендаровски избра елегантен син фустан и чевли во беж боја.
Македонската прва дама блескаше во креацијата со која симболизираше доверба, лојалност, мудрост, самодоверба, интелигенција.
За разлика од Елизабета, австриската прва дама се одлучи за класични црни панталони и црна блуза со сако во беж боја.
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваa во официјална посета на Република Северна Македонија, вчера во Канцеларијата на Претседателот МладиХаб имаа можност да се запознаат со проектот за градење на вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите којшто се реализира од Националниот младински совет на Македонија по што ја проследија и изложбата на дела на жени претприемачки организирана во соработка со Центарот за управување со промени.
Ѓоргиевска и Шмидауер ја посетија Старата скопска чаршија при што за време на прошетката имаа можност да поразговараат со дел од занаетчиите. Во Националната галерија Чифте амам, Ѓоргиевска и Шмидауер беа пречекани од директорката на Националната галерија, Дита Старова Керими којашто ги водеше низ просториите на галеријата претставувајќи им го нејзиното значење и историјат, а имаа можност да ја разгледаат и изложбата „Пејсажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска со којашто ја претставија нашата земја на биеналето за ликовна уметност во Венеција. Во Чифте амам се одржа панел дискусија на тема „Жените инспирираат“ на којашто воведно обраќање имаа Ѓоргиевска и Шмидауер. На панелот учествуваа успешни жени од земјава, претставнички од областа на политиката, економијата, бизнис и граѓанскиот сектор, културата и други области на којшто се презентираа нивните досегашни постигнувања.
ФОТО: Инстаграм официјален профил Елизабета Ѓоргиевска/кабинет на претседател