Емина Јаховиќ целосно го промени имиџот: Пејачката конечно ја скрати долгата коса

Пејачката Емина Јаховиќ ја промени фризурата

Пејачката Емина Јаховиќ како и голем број нејзини колешки реши да ја промени фризурата.

Боб фризурата дефинитивно ќе биде моден хит и следната година, а Емина реши да ја скрати косата и да има модерна фризура, која е препорачана од најпознатите фризери.


Познато е дека пејачката се повлече од јавната сцена по разделбата со Садет Саранб, турскиот милионер, и сета своја енергија ја вложи во својата линија производи за шминка, но сите нејзини обожаватели веруваат дека познатата пејачка сепак пишува песни кои ќе бидат објавени кога таа ќе биде подготвена.

Освен што ја скрати косата, на фотографијата се гледа дека пејачката ја променила и бојата. Имено, се забележуваат посветли прамени, особено на самите краеви.


Фото: Инстаграм-Емина Јаховиќ

Сите мислат дека се близначки: Емина Јаховиќ ја покажа сестра си, ќе се изненадите кога ќе видите колку си личат