Сите мислат дека се близначки: Емина Јаховиќ ја покажа сестра си, ќе се изненадите кога ќе видите колку си личат
Емина Јаховиќ има постара сестра Сабина, која не ја експонира во јавноста, а следбениците се изненадени од тоа колку всушност си личат.
Приватниот живот на Емина Јаховиќ неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста, најмногу поради судењето на нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал, како што наведоа тогаш, поради неплатена алиментација.
Иако Мустафа поднесе противтужба и докажа дека платил се како што треба, пејачката неодамна го врати љубовниот живот во центарот на вниманието. Иако се шпекулира дека има ново момче, Емина поголемиот дел од времето го поминува со постарата сестра Сабина.
Освен што не ги покажува во јавноста, Емина не сака да зборува за најблиските членови на семејството. Таа е неизмерно врзана за нив, а најголемата поддршка ѝ е постарата сестра Сабина.
Сличноста на Сабина и Емина е, благо кажано, неверојатна. Изгледаат како близначки.
Инаку, Емина порасна во медицинско семејство. Нејзината мајка е педијатар, нејзината сестра е детски психијатар, а таткото на пејачката Нусрет бил кардиохирург. За жал, тој починал во 1995 година додека Емина била сè уште млада.
Пејачката има и брат Мирсад, кој е познат кошаркар.
Да потсетиме, Емина веќе подолго време го уредува домот во кој живее со синовите Јаман и Јавуз. Станот се наоѓа на добра локација во Истанбул.
извор:mondo.wanted