Емина Јаховиќ млада останала без татко, а нејзината љубов кон мајка ѝ е посебна: Еве како изгледа таа

Добивај вести на Viber

Пејачката Емина Јаховиќ организираше прослава за роденденот на својот постор  син Јаман Сандал, на која присуствуваше и нејзината мајка Сенија.

Емина јавно не ја експонира својата мајка, која поминува многу време со неа и нејзините деца во Турција, но овој пат не успеа да одолее.

Пејачката на фотографијата која ја сподели на Инстаграм ја прегрнува и бакнува мајка ѝ. Емина на 13 години останала без својот татко, а нејзината мајка сама ги израснала неа и брат ѝ.

„Мама“ - напиша Емина покрај фотографијата, со која го привлече вниманието и предизвика бројни реакции.