ЕМОЦИОНАЛНО ЗДРАВЈЕ КАЈ ДЕЦАТА - ЗОШТО Е ВАЖНО И КАКО ДА ГО НЕГУВАМЕ
Детството е период во животот,кој е исполнет со среќа,игра,безгрижност.Иако е убаво за размислување,за жал ова сценарио не е стварност за многу деца низ светот.Голем број на деца во своите кратки животи виделе и доживеале многу трауматични случувања кои е невозможно да се замислат и кои оставиле значаен ефект врз нивното емоционално здравје и влијаеле долго време.За да им помогнеме на децата да ги надминат овие животни препреки, мораме да го негуваме нивното емоционално здравје.Ова се однесува на можноста успешно да се носат со изворите на стрес,односно со можноста да ги совладаат тешкотиите со сопствена сила и приспособување.За жал многу деца не се во можност да ги победат тешкотиите кои им ги наметнал животот.Најчесто постојат бариери кои влијаат на нивниот развој како на пример психолошки проблеми.За да им помогнеме на овие деца,треба да ги научиме како да си го подобрат своето емоционално здравје.Научете ги децата,кога нешто лошо ќе се случи во нивниот живот,дека можат да ја надминат таа препрека и од таа ситуација да излезат појаки него што биле.Решавањето на проблемите е сложена задача која подразбира трпение-помогнете им на децата да поминат низ моралните дилеми и водете ги додека сами ги составуваат деловите од решението.Исто така треба да ги научиме дека некои проблеми не можат да ги решат самостојно и дека во тие ситуации ќе им треба помош од личност на која и веруваат.Колку повеќе успех постигнуваат при совладувањето на овие препреки, толку повеќе ќе им расте самодовербата и флексибилноста.
Кога се соочуваат со проблеми,некои деца се чувствуваат осамено и изолирано.Како резултат на бегање од проблемот,децата можат да ги потиснат своите проблеми кои можат да испливаат на површина многу години подоцна.За детето е важно да почувствува дека родителот искрено го поддржува и му верува.Ова чувство ќе му даде сила полесно да се соочи со проблемот.Ако го научите детето да верува во себе и во своите способности,тоа ќе научи поуспешно да се носи со стресни ситуации.Кога децата се чувствуваат добро заради работите кои можат да ги направат сами,се мотивираат повеќе во понатамошното развивање на својата сила и вештина.
Научете ги децата да простуваат,не да забораваат, туку да простат,затоа што не мораат да носат тешки емоционални товари.Кога ќе научат да простат, децата носат свесна одлука дека нема да им дозволат на луѓето или ситуациите долго време да ги притискаат,дека држењето за болните спомени ги повредува само нив.За крај научете ги децата да бидат опуштени,да не ја пропуштаат сегашноста во која се наоѓаат.Ако ова го совладаат како мали многу полесно ќе се справуваат со секојдневниот стрес и позитивно ќе влијаат на своето емоционално здравје.
За Женски Магазин, Ружица Митровиќ-Дипломиран педагог