Емотивна средба на полусестрите: Анџела Ражнатовиќ, ќерката на Аркан, на роденден кај Анастасија (ФОТО)

Анастасија била пресреќна кога ја видела сестра си, по татко ѝ Аркан, а камерите ја забележале нивната средба.

Анастасија Ражнатовиќ го одбележа својот 24-ти роденден со гала прослава во еден белградски ресторан, а меѓу гостите беше и нејзината полусестра Анѓела, ќерка на покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан и актерката Љиљана Мијатовиќ.

Славеничката на својата прослава собра многу познати личности, а во оваа посебна прилика во Белград пристигна и нејзиното момче Немања Гудељ со семејството, па ги запозна родителите и најблиските на Анастасија, која особено се израдувала кога ја видела полусестрата Анѓела и веднаш се прегрнале цврсто. Инаку тие биле во одлична врска.

„Каде си сестро“, ѝ рекла Анастасија на Анѓела и ѝ посакала се најдобро.

Погледнете како изгледаше нивната средба: 

фотографии: TV Pink screenshot

Инаку Анѓела Ражнатовиќ е родена 1980 година. Дипломирала на Богословскиот факултет и има објавено стихозбирка. Инаку Анѓела е едно од деветте деца на Аркан, меѓу кои се и Вељко и Анастасија. 

Анастасија на роденденот блесна во краток фустан, додека Цеца прво дојде во гламурозен бел костум, а подоцна се пресоблече во елегантен фустан.

ВИДЕО:


извор:mondo.rs