Емотивна треска за паметење: Загреб со овации го пречека Влатко Стефановски

Добивај вести на Viber

На јужњачката страст ѝ нема рамна, вели хрватскиот портал „Саунд рипорт“ за концертот на Влатко Стефановски со Загребската филхармонија, кој сношти се одржа во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб.

„Музичкиот гениј, еден од оние од кои точно знаеш што да очекуваш, но сеедно и тие високи очекувања тој може секој пат да ги надмине. Страстното музичко патување ја однесе публиката во неговата родна Македонија. Познатите, традиционални мелодии ги претвори во непопислива убавина, поради која еден ипол час помина како секунда, а Стефановски не можеше да се симне од од сцената поради силните овации кои ретко се среќаваат“, пишува во рецензијата за концетот со кој Влатко го промовираше својот актуелен албум, „Мајчин јазик“. 

За нашиот музички виртуоз, хрватските медиуми велат дека кога на површина на неговата изведба испливале оние најдлабоките и најскриени чувства, дошле моментите кои ги создаваат само најголемите мајстори.

„Без присутноста на Стефановски, загребската Филхрамонија не се прослави. Тој на публиката ѝ подари два биса, затоа што „Успаванка за Радмилу М“, „Елено ќерко“, „Касапско оро“ и „Јовано Јованке“, предизивикаа такво воодушевување , кое не дозволи неизмерната убавина на моментот да се прекине“, вели меѓу другото богатата критика на новинарката Маја Трстењак, главната уредничка на порталот.

Фото: Марко Шолиќ