Емотивно писмо на Северина: Сине, по 7 ипол години ќе те гледам само 88 часа месечно

Добивај вести на Viber

Поп-ѕвездата Северина Којиќ (47) го изгуби спорот со нејзиниот поранешен сопруг за старателството на нивниот син Александар, пишуваат регионалните медиуми.

Судот донесе привремена мерка и во пресудата одлучи детето во иднина да живее со својот татко, српскиот бизнбисмен Милан Поповиќ (54). Пејачката ќе може својот син да го гледа само попладне двапати неделно и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер. 

Еден ден по оваа одлука, таа се огласи со писмо до синот на својот Фејсбук профил. Покрај емотивните зборови, таа сподели и една заедничка фотографија и две фотографии од писмото кое малиот Александар го напишал за неа.

„Знаеш сине, тоа се само некои хартии кои некој ги напишал и постојат некои букви кои некој ги составил во зборови, кои не вредат за нас двајца. Не одземаа еден од друг физички, но тоа е се што можеа. По 7 ипол години сега ми даваат да те гледам само 88 часа месечно. Еј, тоа се сепак 88 часа. Можеа и помалку, сѐ можеа и сѐ направија за да нѐ повредат“ - вака ја започна Северина својата емотивна исповед.

Во продолжение прочитајте го целосното и оригинално писмо на пејачката.