Енди Мекдауел одбива да се фарба и гордо ја „шета“ својата седа коса: Сакам да изгледам како жена на мои години

Добивај вести на Viber

фото:profimedia

Актерката Енди Мекдауел гордо ја „шета“ својата природна, седа коса.

Енди Мекдауел наполни 64 години во април, а како што еднаш кажа, престана да ја фарба косата за време на карантинот што ја зафати целата планета пред две и пол години поради пандемијата на корона вирусот.

Минатиот викенд актерката се појави на Модната недела во Париз и по тој повод заедно со Ева Лонгорија и уште неколку колешки се прошета на модната писта како една од амбасадорите на брендот L'Oreal. Енди на пистата излезе во фустан со кристали и пердуви, кои ѝ ги ставија нозете во преден план, но фризурата не остана незабележана.

фото:profimedia

Актерката зрачеше со самодоверба додека им позираше на фотографите во провокативен фустан, замавнувајќи ја природната седа коса, докажувајќи колку сега се чувствува посамоуверено и поудобно.

Холивудската ѕвезда неодамна изјави дека сака природно да старее.

„Навистина сакам да бидам таму каде што сум и да изгледам како жена на мои години“, призна Енди во едно интервју и објасни дека почувствувала олеснување кога наишла на позитивни коментари за нејзиниот нов имиџ.

"Ми олесна што луѓето не беа сурови. Можеа да бидат лоши со мене. Но, сите беа многу љубезни и ми олесна, бидејќи навистина ми се допаѓа вака. Се чувствувам поудобно", рече актерката и призна дека многумина ја советувале дека е премногу рано да престане со фарбање на косата и дека нејзините соработници се против тоа.

„Луѓето постојано ми велеа: „Не е време“, но јас не се согласував. Ги почитувам мислењата на другите луѓе, но навистина сакам да бидам тоа што сум“, беше искрена Мекдауел.

Актерката самоуверено го прифати стареењето, и покрај тоа што призна дека размислувала да направи операција на опуштените очни капаци, но се откажала кога нејзиниот шминкер ѝ рекол дека се „совршени“.

"Мој совет - Не се гледајте во лошо светло. Немам многу огледала околу мене. Сите огледала во моите бањи имаат одлично осветлување", се пошегува актерката еднаш.

Погледнете повеќе фотографии од Енди Мекдауел во галеријата:

фото:profimedia
извор:lepaisrecna