Еротски приказни: ДАЛИ СОНОТ ШТО ГО СОНУВАВ ЌЕ МИ СЕ ИСПОЛНИ?
Џино беше перфиден и подол. На татко ми му имав кажано да не ми се јавува за Џино за да биде уверен дека не контактираме. Јас одев одвреме-навреме да го посетам и му тутнував в рака пари затоа што бев сигурна дека ме следеше насекаде.
Татко ми, исто така, имаше многу страв од него. Кога и да одев, не ме прашуваше ништо, не се жалеше и глумеше дека сѐ е во ред. На разделба ми шепкаше на уво да најдам начин да се спасам од Џино бидејќи во секое време тој ќе ме убие. Постојано ми повторуваше дека никако не смеам да забременам затоа што не ќе можам да се разделам од бебето и ќе останам вечна робинка кај тој злотвор.
Тој на некој свој начин го почитуваше Димитри. Имаше култ кон образованите луѓе, можеби затоа што беше буквално неписмен. За сите проблеми што му се појавуваа во работата, веднаш го повикуваше Димитри за консултација. Џино искрено кажано не беше способен ни себе да се сака, а не, пак, некој друг. Едноставно, не го биваше ниту за водење љубов. Ќе собереше куп девојки и ќе ги платеше за да го забавуваат. Штом ќе почнеа да играат стриптиз ќе ги избркаше со оправдание дека утрото морал да стане рано.
Кога би знаел за нашата врска со Димитри, би не убил двајцата моментално. Немаше доверба во никого. Ако некој од неговите луѓе му згрешеше, ќе го „снемаше“. Најверојатно, им се осветуваше на некој негов начин. Не би помислил дека имам врска со Димитри, веројатно, бидејќи вешто криев за сѐ што ми се случува, а беше свесен дека се плашам од него.
Од почеток лесно е да се крие, но како поминуваше времето и јас почнав да се облекувам подобро. Одев на фризер, шминкер, козметичар, купував посекси гардероба. Присуството на лице кому му се допаѓаш, те прави посигурен во себе и погорделив. Мене, очигледно, ми годеше љубовта што ја покажуваше Димитри кон мене и се чувствував посамоуверена и одмазднички.
Една вечер, седејќи во еден отмен ресторан, една музичка група свиреше стари, сентиментални мелодии. Создадоа прилично убав амбиент, луѓето станаа, играа, се забавуваа, а двете пејачки почнаа да се вртат околу Џино. На Џино му импонираше да се покаже пред сите и цело време им даваше пари за секоја испеана мелодија. Потоа, ги седна и на нашата маса.
Пред да дојдат, ние веќе претходно се договаравме да отидеме некаде на езеро викендот за да научам да пливам. Не знаев да пливам и Димитри се понуди да ме научи. Кога бил млад, бил инструктор по пливање и се фалеше дека веднаш ќе ме научи да пливам. Да беше некоја година порано, Џино не би ме однел никаде, но почна да попушта последнава година. Кога седнаа пејачките на маса, го слушнаа нашиот разговор и Џино ги покани и нив. Им кажа дека ќе ги зеде кога тие се слободни и дека ќе направиме мала забава. Нормално, тие прифатија веднаш.
Викендот отидовме на езеро. Се сместивме во луксузен хотел, а Џино закупи јахта. Првиот ден, навистина, добро ми одеше вежбањето со Димитри. Почнав со гума да пливам и полека се опуштав, но очигледно требаше време. Другиот ден требаше да дојдат пејачките и Џино организираше коктел на јахта. Повика и некои други гости. Сите се собраа, навистина беше весело. Денот беше топол и беше весело.
Бев упорна и навистина сакав да научам да пливам. Кога да ми се доближеше Димитри во вода, му го чувствував неговиот набрекнат орган. Знаеше да ми ги фати градите и да ми ги притиска. Се трудев да бидам ладнокрвна затоа што сите околу нас нѐ гледаа.
Така, пливајќи се затскривме зад еден мал гребен. Тука беше плитко. Димитри полека ми ги турна гаќичките од костимот за капење и ми ги крена нозете и почна да ме „набива“ на него. Почнавме да се движиме по тактот на ветерчето што ја заплискуваше темносината вода во плитките бранови. Тој ми ги држеше колковите со целата сила. Чувството беше прекрасно и возбудувачки.
Џино кој сакаше сѐ да следи, околу него забележа дека нѐ нема и почна да вика: „Димитри! Мери! Каде сте?! Јас се исплашив. Што од неочекуваното водење љубов, што од страв и почнав да треперам. Пулсот почна да ми се зголемува, а едвај ме држеа нозете. Мускулите како да ми откажаа. Почнаа солзи да ми се сливаат по лицето и му реков на Димитри: „Е сега Џино ќе не убие!“ Тој почна да ме смирува и да ме теши: „Нема, душо моја“. Јас, пак, почнав да врескам: „Ова ни беше последен пат. Никогаш повеќе!“
Димитри навистина се уплаши. Се надвиснав над него и дотрча еден пријател и ме извадија од водата. Џино беше преокупиран со гостинките, не ни нѐ видел затоа што бевме затскриени зад гребенот. Кога излеговме, веднаш Димитри ми стави инјекција за смирување со витамин б12 и легнав да се опуштам. Цела ноќ не можев да се смирам. Сакав дома. Димитри ме убедуваше дека е тоа само паника ништо повеќе.
Утрото, еден од телохранителите на Џино ме однесе дома. Останатите останаа. Јас цел ден го прележав. Кога се вратија вечерта, веќе се созедов од стравот. Пак му повторив на Димитри. „Ова е последен пат“. Тој ми одговори: „ќе направам сѐ за нас и нема да се откажам од тебе“.
ПРИЈАТЕЛКИ