Еротски приказни: КРИМО
По куса пауза, почна да зборува: „Легнавме да спиеме, но јас сè уште не бев заспан. Слушнав чекори во станот. Почна да мириса и да излегува чад од кујната, рипнав и видов пожар. Додека излегов да видам кои се тие, тие бегаа по скалите и носеа качулки на главите. Останатите цимери станаа, но веќе тие избегаа. Го изгасивме огнот, а во меѓувреме, повикавме полиција. Досега беа полицајците. Земаа отпечатоци од вратите, од прозорците и од кујната. Подоцна ќе одиме во полициска станица за да направат записник. Се јавувам за да те предупредам да внимавате. Бидете претпазливи. Ќе се јавам пак“.
Роза ме гледаше со отворена уста и очите ѝ се ококорија. Ѝ објаснив подетално бидејќи точно не можеше да слушне и потоа ѝреков:„Ајде Роза да си легнеме. Изморени сме“.
Отидов в соба. Исидора уште се допишуваше со Антонио. Во меѓувреме, ми заѕвони мобилниот и ми се јави Виктор: „Здраво Дора, што правите? Кога ќе се враќа Исидора? Ѝ нарачав книга што ми е потребна за испитот па не знам дали ја купила. Ѝ ѕвонев да ја прашам“.
Поразговарав со него извесно време. Тој почна да ми се исповедува колку многу ме сакал, колку многу сум му недостасувала и не погледнувал друга девојка и сакал да ме посети. Бев многу изморена и зборувајќи сум заспала.
Кога се разбудив, беше доцна попладне. Беше тивко, ги зедов книгите и слегов долу. Сварив кафе и ја чекав Исидора да се разбуди па да јадеме. Спас ни беа полуготовите јадења што ги имаше во маркетите и купувавме од нив секоја недела и имавме разновидни јадења.
В тишина, читав и правев концепт за да ги запомнам подобро медицинските изрази. Поминаа околу два часа. Ми заѕвони мобилниот. Ми се јави Кримо: „Здраво Дора, како си? Извини, утрово те растревожив. Меѓутоа, глетката беше ужасна. Веднаш ми отиде паметот кај тебе, мислев дека и вам ви се случило нешто. Ние расчистивме во кујната“. Ме зачуди со „ние“ и го прашав: „Кримо, кои се тоа ние?“ Ми одговори:„Ние, всушност, сме во поголем стан и седум братучеди живееме заедно. Сите студираме и работиме во исто време за да можеме да си ги покриеме трошоците“.
Ми се разјасни. Досега, немав поим ни каде, ни со кого живее. Кримо како и секое момче беше молчелив и не обрнуваше внимание на ситниците. Тој продолжи: „Кога ќе се видиме?“ Му одговорив дека не знам сигурно, но штом ќе бидам послободна овие денови. Кримо се согласи и ме поздрави и ми кажа дека ќе оди на работа.
По кусо време, сите слегоа во кујната. Вечеравме, пиевме кафе и разговаравме. Кој како ќе почнеше да кажува, Исидора беше главна и ги прекинуваше другите. Едно време им рече:„Затоа на крајот од неделава си одам и ве поканувам кај Антонио на забава в петок навечер. Нормално и земете си со вас друштво“.
Во следните два дена, имавме и предавања и вежби и претпладне и попладне. Следниот ден попладне бев слободна. Му се јавив на Кримо и тој ме покани кај него. Ми кажа дека ќе ме земе директно од факултет. Завршивме со вежби и кога излеговме од сала пред факултетот, ме чекаше Кримо. Беше излезен од кола и ме чекаше. Кога ме виде, лицето му заблеска, очите му заживeеjаи речиси викна: „Дора!“ Ме бакна и ми ја отвори вратата. Тоа ми беше интересно кај него. Во него се судираа два света, две култури, две цивилизации. Меѓутоа, тој умееше добро да се приспособи во сè. Тргнавме накај неговиот стан. Ми објасни дека ќе бидеме сами бидејќи сите се излезени некаде.
Влеговме во станот. Мислев дека ќе биде неудобно и нечисто, но, се запрепастив. Сè беше чисто. На масата имаше поставено чаршав. Две чаши, вино, в тава печено месо, лебни ‘ржени земички и во чинија суво овошје. Кримо ме покани во бањата. Прегрнувајќи се полека, влеговме в бања за да се измиеме раце. Ме бакнуваше по лицето. Го прифатив неговиот предизвик и почнав да го му го лижам лицето. Тој почна да ми ги гризе усните со неговите топли усни. Го впивав неговиот јазик. Сакав тој негов примамлив поглед да биде овековечен во мојата свест. Го обожавав неговото лице, што не оддаваше ништо. Полека почна да ме соблекува.
Ми го соблекуваше градникот и истовремено ми ги бакнуваше градите. Рацете му се движеа низ моето тело. Го чувствував неговиот допир што беше примамлив. Во исто време, му ги отворав копчињата од кошулата и му ја соблекував. Бев гола, само по гаќички.
И Кримо ги соблече панталоните и боксерките и беше гол. Неговото тело беше извајано, мускулесто како античка скулптура. Полека нежно ме заврти и ми ги соблече гаќичките. Пушти вода и почна да ми го масира моето тело со сапун. Се наведнав и почнав да му го лижам неговиот врел „орган“. Водата течеше и ни ги ладеше телата. Во еден момент, Кримо ме заврти накај ѕидот и „влезе“ во мене спонтано. Нашите тела се споија и се движеа во ритам со водата од тушот. За мене беше како да сум во рај, во некое вонсериско време и место. Почнав да зборувам тивко и нежно. Кримо ми го бакнуваше грбот и ми го масираше стомакот. Во заеднички здив, телата се згрчија. Останавме некоја секунда и потоа се разделивме.
Туширањето заврши. Се облековме и седнавме на маса. Кримо со неговите еленски очи ме гледаше полн со љубов. Ми ја наполни чашата со вино до пола. Потоа, и не неговата чаша ја наполни до пола. Наздравивме и почнавме да јадеме. Сè беше вкусно, но мене не ми се отвораше уста. Размислував дека човекот е човек каде и да е. Колкава е планетата и колку и да се луѓето различни, сепак, отприлика имаат исти барања – ист живот.
Некој тропна на врата. Влегоа со смеење едно момче и една девојка. Кримо се сврте, се насмеа и ги поздрави со љубов: „Ајде, влегувајте! Токму сега, седнавме да јадеме“. Девојката се приближи. Кримо стана и ја бакна велејќи: „Ова е Емина, а овa е братучед ми Абадин или Аби, така си го викаме ние“. Двајцата ме погледнаа љубезно и со поглед малку испитувачки и седнаа на масата додека Кримо носеше за нив прибор за јадење и чаши. Им тури и ним вино и ги покани да ручаме заедно. Се заблагодарија и почнавме да јадеме.
СТУДЕНТКА
Претходната исповед ја имате ТУКА