Еротски приказни: ЉУБОВЕН ТРИАГОЛНИК

Добивај вести на Viber

            Го испратив Хуго и заминав кај Ема. Веднаш штом влегов, сакав да ги разонодам и почнав да им раскажувам за средбата. Кармен беше на смена и отиде да се пресоблече и да дели терапија на пациентите. Рече дека подоцна ќе помине да види како е Ема. Мораше да оди од причина што имавме специфични пациенти, кои кога ќе се навикнеа на нас, нè бараа да ги дружиме кога не бевме на работа. Некогаш беа многу егоистични и сакаа да ни ја исцрпат целата енергија немајќи обѕир кон нашите потреби. Убаво беше да се работи со нив, но некогаш беа посесивни, всушност, сакаа целосно да им сме посветени.

  Пред некое време, дојде нов пациент Оливер. Навистина, беше многу нестабилен и психички трауматизиран и од почеток му обрнував големо внимание. Меѓутоа, тој толку се приврза кон мене што ако не бев таму, ги уценуваше сите и одбиваше со другите сестри да пие лекови, да разговара и да јаде. Ме бараше и кога не бев на смена.

  Кога останавме сами со Ема, таа тивко ми проговори: „Мери, јас не го убив Фис. Мораш да ми веруваш. Сакав да го убијам и го мразев од длабочината на моето срце, но не сум способна за да направам такво нешто“. Силно ја гушнав. Таа се заврти на другата страна за да не ѝ ги гледам солзите како ѝ капат.

  Јас никако не можев да ја замислам Ема како го убива Фис. Ниту беше толку силна за да го турне низ прозорец, ниту пак можеше да го обессили, па да го турне. „Но ако ја обвинат таа како ќе докаже? Ова е живот. Една мала грешка да направиш, паѓаш и сè се руши околу тебе“, си помислив во себе.

  Застанав на прозорец и го гледав денот како завршува. Дрвјата се нишаа од есенското ветре, што ги дуваше во вртлози златните лисја, а тие шумолеа и удирајќи се меѓусебно крцкаа создавајќи некоја романтична композиција, потсетувајќи нè дека зимата полека, но сигурно доаѓа. Пурпурното сонце се губеше од хоризонтот. Приквечерта полека се спушташе.

  Погледнав низ паркот. Овде-онде пациенти се шетаа заедно со персоналот. И колку да се трудев да гледам низ прозорецот, апатијата не ме напушташе, не можев да престанам да мислам на Фис со кого бил вплеткан и во каква криминална група за што не знаевме ништо. Колку изненадувања и колку разочарувања ќе доживееме овие денови. Особено директорот Руди Кес, кој беше скршен и разочаран.

  Се почувствував изморена. Легнав за да ги одморам нозете. Ми ѕвонеше мобилниот и вклучив столна ламба – не сакав да разговарам во полутемнина. Се јави инспекторка од полиција да праша дали е се во ред со Ема. Ѝ потврдив и таа продолжи да зборува известувајќи ме дека денес напреднала истрагата, повикале експерти и блиску се до целта. Не можев да разберам ништо, меѓутоа не прашував иако ме интересираше што сè се дознало.

  Лежев и не можев да си ги смирам мислите. Слушнав звуци. Ема се разбуди и веднаш се исправи на креветот. Почна да зборува во еден здив нешто неповрзано: „Тој дојде да ме спаси. Не беше сам, заедно беа со друг. Му извади другиот пиштол на Фис... Јас бев гола. Фис ме малтретираше“. Сфатив дека раскажува за смртта на Фис, но беше хаосна, несредена и уплашена. Застана за да земе здив и продолжи тивко: „Не сакам да одам в затвор. Не го убив јас“.

  Легна на креветот и почна силно да плаче. Се убедував со неа дека не е обвинета, но не успевав да ја смирам. Упорно плачеше.

  Отидов кај неа и ѝ ја ставив главата во мојот скут и ја чекав да се исплачи. Ѝ зборував: „Мила моја, исплачи се, нека ти излезе од душата дел од бигорот, што ти се наталожи од оној проклетник Фис. Сè ќе се среди, ќе излезе вистината на виделина. Ќе дојде ден кога ќе си одиш за да си го земеш твоето детенце, кое со нетрпение те очекува да те види и да го слушне твојот мајчински глас.

  Предизвикав голема емоција кај Ема кога ѝ го споменав синчето. Таа ја дигна главата високо, ме погледна со нејзините очи на срна и ме праша: „Ти веруваш дека јас не го убив Фис?“

  Се насмевнав искрено и од срце и ѝ одговорив: „Ема, искрено, јас ти верувам“. Таа како да се освести од шокот, си доби самодоверба и почна да ми зборува: „Мери, ти ми веруваш, но јас немам докази. Ако полицијата најде докази или ако го најде виновникот во ред е, меѓутоа што ако не најде?“ Бев спремна и веднаш ѝ реков: „Тогаш ќе разговараме за таа ситуација“.

  Ема веќе беше поуверена и спокојно легна. Мило ми беше што се поврати од шокот. Не мора да значи дека сосема се опорави, но дел од неа беше свесен. Меѓутоа, сфатив дека имало некој во собата и тоа двајца, кои го убиле Фис. Или на Ема ѝ беше страв да каже или не беше сигурна. Вистината ќе си го најде својот пат.

  Сосема ги заборавив Кармен и Филип, кои кажаа дека ќе навратат, а ги немаше. Излегов и отидов до собата на Филип. Немаше никој. Сигурно се некаде по собите. Влегов в одделение и ги барав. Доцна беше и тивко и полумрачно по ходниците. Немаше никој и одејќи по собите во приемната соба слушнав звуци. „Ова се звуци од водење љубов. Зарем е можно некој да води љубов“, си помислив во себе и го ставив увото на вратата. Да, се слушаше и се чувствуваше енергија од водење љубов.

  Погледнав низ клучалката. Се изненадив и писнав како да ме удрил некој по глава. Тоа беше Кармен. Ја познав по нејзината јарка боја од косата. Во момент ѝ беше пурпурно црвена. Беше со лицето завртена накај клучалката. Колковите и беа кренати високо и зад неа имаше некој, кој со својот „орган“ „влегуваше и излегуваше од неа“. А Филип беше со подигнат „орган“ од страна и ѝ ги држеше рамениците. Нејзиниот јазик беше испружен и таа му го допираше и му лижеше напнатиот и прав „орган“ на Филип. „Каков е овој љубовен триаголник? Што се случува?“, се прашував себеси.

ПРИЈАТЕЛКИ