Еротски приказни: ПАЃАЊЕТО НА ЕМА
Ги очекував Кармен и Филип да дојдат, но сѐ уште ги немаше. Ема заспа и помислив дека убаво би било да излезам набрзина и да ги побарам.
Немаше никој и одејќи по собите слушнав звуци во приемната соба. Прво беа нејасни, меѓутоа како се приближував поблиску до вратата, тоа беа звуци од водење љубов. Се вчудоневидив и ми стана нејасно, не можев да поверувам што се случува. Застанав пред вратата со широко отворени очи. Стоев и ѕирнав низ клучарката.
Малку се гледаше, но се изненадив и писнав како да ме удрил некој по глава. Кармен, Филип и уште една личност во љубовен секс-триаголник. „Каков е овој љубовен триаголник? Што се случува?“, се прашував себеси.
Тие водеа страсно љубов. Кармен со кренати колкови, а некој „влегуваше“ и „излегуваше“ од неа. Таа со широко отворена уста му го лижеше набрекнатиот „орган“ на Филип и гласно стенкаше. Додека другиот ејакулираше врз грбот на Кармен, Филип отиде позади неа, ја фати за колковите и почна да си го става својот „орган“ во неа. Просто се „лизна“ во неа. Таа стенкаше и го молеше да не застанува. Другиот се заврти и го познав. Тоа беше еден постар доктор, кој не го познавав доволно и ми делуваше многу скромно и отмено. Тој се заврти кон Кармен и почна да ѝ ги гризе градите. Таа сè погласно испушташе глас и со Филип го усогласија ритамот, а постариот доктор Џо, продолжи да ѝ ги бакнува градите. Мирисот на страста се чувствуваше до кај мене. Пулсираа од возбуда, трепереа додека сите заедно сѐ доведоа до задоволство.
Кога „свршија“, двајцата ја бакнуваа Кармен диво и страсно. Не дочекав повеќе да гледам, меѓутоа бев толку збунета и запрепастена што заборавив зошто ги барам и срамејќи сè од тоа што го видов, потрчав низ ходникот. Да ми ја кажеше некој оваа слика, никогаш не би ја поверувала. Бев избезумена од шок. Со мојата Кармен бевме толку блиски, поверливи и не ми кажала. Зошто? Бев многу разочарана од мојата наивност. Бев на раб на плачење. Сите мои другарски соништа се распаднаа како меур од сапуница. Не можев да сфатам како можев да верувам дека сите три сме една душа, а три тела.
Застанав сред ходник и размислував. Јас и Ема си ги знаевме отприлика настаните од нашите животи и нашите животни тајни. Досега верував дека и на Кармен ѝ ги знам најинтимните тајни. Има некои настани што се обвиткани со таен превез. Всушност, секој од нас, најверојатно, си има некои тајни што ги влече како багаж на својот грб. Уште што ќе видам друго или толку бев заслепена што не ја гледав реалноста?
Заборавив дека Ема е сама. Истрчав во собата и нагло ја турнав вратата. За малку ќе паднев бидејќи вратата беше отворена. Влегов во собата, прозорецот но беше отворен, а Ема ја немаше. Се вчудоневидив затоа што не ми беше јасно како станала и каде заминала.
Истрчав назад во ходникот, меѓутоа и таму ја немаше. Додека јас се двоумев каде да ја барам, тишината ја пресече еден крик од надвор. Истрчав надвор. Направив мала грешка што излегов набрзина за да ги повикам Кармен и Филип и ја заборавив Ема. Вината ми го обзеде целото тело и ако ѝ се случи нешто, нема никогаш да си простам.
Надвор под прозорецот Ема лежеше на земја, до неа, исто така, лежеше една сестра, која ја немав досега видено. Сестра Мари со која неколку пати заедно бевме на смена викаше: „Помош!“ Јас почнав да врескам, не можев да се соземам. По собите се палеа светла. Обезбедувањето што ја обезбедуваше клиниката веднаш дојде и се јавија кај дежурните доктори Филип и Џо за да ги прегледаат.
По неколку секунди ја здогледав Кармен од стаклената влезна врата како трча кон нас, а по неа Филип и Џо. Ема беше во бессознание. Мари плачеше и ѝ се обраќаше на сестрата која лежеше на земја: „Анастасија добра си? Климни со главата“. Анастасија не реагираше.
Мари со плачење раскажуваше дека биле двете дежурни и оделе кон клиниката, меѓутоа, одеднаш, нешто тешко паднало врз Анастазија. Од силниот удар, таа паднала на земја, а Мари видела дека всушност тоа било Ема.
Добро што не беше многу високо, инаку којзнае каква катастрофа ќе се случеше. Филип ѝ ја фати раката на Ема, срцето ѝ го масираше и почна да ѝ дава вештачко дишење. Џо ја погледна Анастазија која се тресеше од студ и почна да ѝ го мери пулсот. Им рече на обезбедувањето да донесат ќебиња за да ги стоплат. Веднаш донесоа ќебиња и ги покрија. Во меѓувреме, амбулантната кола дојде и ги ставија со носилки внатре во колата. Филип и Џо заедно со нив отидоа за да ги носат во градот во клиниката за ургентна медицина. Јас сакав да влезам во амбулантната кола со нив, но Мари инсистираше и таа замина со нив.
Останавме сами. Кармен ме прекори зошто не сум ги повикала, меѓутоа не ѝ обрнував внимание. Таа продолжи да ме прашува што се случило, но не ѝ одговарав ништо бидејќи во овој момент не бев во состојба да разговарам со никого, а најмалку со Кармен да се објаснувам.
Ѝ завртев грб и сакав да избегам од сѐ затоа што ми се пресекоа рацете и нозете, ме гушеше одвнатре, сите внатрешни органи ми се превртуваа од многу настани, што неочекувано се нижеа еден по друг. Сакав да бидам сама, да дишам свеж утрински кислород, да ја исчистам душата од напластеното ѓубре што ми се создаде овие неколку дена и да го гледам зазорувањето од денот.
Бев омалаксана, повредена, не можев да си ги испружам нозете. Чекор по чекор одев и целта ми беше само да стигнам до клупата кај малото паркче позади клиниката. Воздухот беше свеж, чист и невин, а малубројните цвеќиња мамеа некој да ги допре и да ги помилува за да ја почувствува нивната свиленкаста мекост. Така и постапив. Ги галев цвеќињата, се занесов и почнав да разговарам со нив.
ПРИЈАТЕЛКИ