Еротски приказни: РАЗДЕЛБА СО АЛЕН

Убавите средби кусо траат и брзо завршуваат. Заврши мојот преубав престој со Ален. Поминавме двајцата како принц и како принцеза в бајка. Срцето ми пееше прекрасна мелодија, душата ми беше раскрилена до небо и кога тргнавме по пат иако бев преморена, нозете ми летаа од радост.

  Низ сонцето што срамежливо ги распослало своите зраци шушкаше мало ветерче и јас се гледав себеси како танцувам по ова тивко ветерче што ми ги галеше нежно крилјата. Се смеев гласно и се радував како мало дете.

  Ален се радуваше заедно со мене. Ми велеше: „Ти си моја принцеза. Длабоко во мене срцето раскажува за нашиот прекрасен спој. Ние сме два гулаба споени заедно, два лебеда што ги распослале своите крилја на езерската шир и играат низ езерото опуштено, грациозно, а со нивната убавина го красат езерото. Цел ден се милуваат и се гушкаат. Тоа сме ние двајцата. Моја мила Каролина, ти си мој цвет, моја принцеза, моја муза и моја убавица. Двата дена што ги поминавме заедно за мене се многу, премногу време, а во истовреме се премалку. Мислам дека поминавме само два часа заедно“.

  Почнав да се смеам бидејќи истото го мислев и јас. Ален ме гушкаше по улица толку страсно што случајните минувачи се вртеа и се смееја гледајќи нѐ на кој начин ја искажуваме нашата љубов. Ален не ги ни забележуваше и продолжи: „Моето срце чука само за тебе. Мојата душа ми кажува да те грабнам и да те однесам далеку, најдалеку, каде што ќе бидеме двајцата заедно в куќа длабоко в шума, сосема сами и ќе уживаме во нашата љубов. Ти благодарам што ми подари два дена, што ја осознав љубовта и водењето љубов со тебе. Твоето тело со твојата душа и срце ме оплеменија. Станав друг човек желен за дом, желен за некого да го споделам останатиот живот в љубов, мир и спокој. Те чекам да дојдеш и засекогаш да создадеме едно заедничко гнездо на љубов и на среќа“.

  Не можев ништо да му одговорам. Устата ми се исуши од возбуда, јазикот не можев да го мрднам, а веќе стигнавме на железничка станица. Не очекував нешто посебно, но овој излив на чувства на Ален длабоко од душата ме скамени. Возот беше дојден и морав да се качам. Се бакнавме, ме гушна цврсто и се качив во возот што набргу тргна. Цела бев скаменета, а и немаше време за одговор. Не очекував ваква исповед и по пат цело време ми одѕвонуваа зборовите на Ален. Кажаните зборови многупати се вистината што ја таиме во себе.

  Во купето влезе млада жена со две мали деца. Децата започнаа разговор, а беа многу интересни. Патувањето беше пријатно благодарение на децата и не ни забележав кога пристигнавме.

  Кога пристигнав, излегов од станицата и седнав на една клупа. Му се јавив на Ален да го известам дека поминав многу интересно благодарение на мајката со двете деца. Му се заблагодарив за престојот и му реков дека имам повеќе да му кажам, но во друга прилика. Навистина ми беше задоволство за изречените зборови. Ален повторно се надоврза и сакаше да продолжи, но некако се почувствував многу осамена на клупата. Како цел свет да отишол некаде, а јас сум сама. Затоа го прекинав и му реков дека ќе одам дома и дека ќе се слушнеме. Таа осаменост ми влезе в срце и моментално почувствував некој студ околу срцето. Ми дојде напад на плачење. Зошто работите во животот се толку комплицирани? Како може да ја најдеш правата личност подоцна. Се заслепив ли во очите и го најдов Милан кој ме изневерува со секоја жена која ќе ја најде во хотелот. Мене ме разочара, исто така и моите ги разочара и сега ќе мора да се извлечам од неговите валкани раце.

  Седев на клупата и почнаа солзи да ми се сливаат низ лицето. Сите горчини што ми беа се собрале почнаа да ми се леат. Имав чувство како тежок камен да ми падна од срцето, ги избришав солзите, ја поправив шминката и си отидов дома. Кога се симнував од таксито, забележав низ прозорецот некоја жена. „Може ми се причини“, си помислив во себе.

  Го ставив клучот на влезната врата, но не можев да отклучам. Се слушаше гласна музика од куќата. Завртев од кај подрумите и бидејќи имав клуч влегов оттаму. Одев полека и дури ми беше непријатно да влезам на првиот кат. Дома имаше повеќе личности. Ечеше гласна музика на сите страни, се слушаше јако смеење, а во воздухот се чувствуваше силен мирис на алкохол и на цигари.

  Кога влегов, имав што да видам. Во нашата трпезарија на еден стол водеа љубов еден црн човек и плава девојка. На нашата трпезариска маса таа седнала, а тој полека со голема возбуда ја милуваше.

  Во кујната две девојки полуголи и еден маж пиеја од моето виски и се смееја. Нивните лица беа црвени и беа испотени. Сигурно по вискито ќе одат да се тушираат во мојата бања. Одев полека, а и да викав немаше никој да ме забележи и можеби ќе си помислеа дека сум некоја која дошла на повик.

  Влегов во нашата дневна соба и таму на мојот брачен кревет го затекнав мојот сопруг Милан како со рацете милува една црна девојка легната под него и со убави мали гради. Дури и мене ме возбуди нивното силно стенкање. Фрлив кус поглед на нив и гледав како неговиот „орган“ полека и нежно „влегуваше“ во нејзиното тело. Навистина ми го одвлекоа вниманието и во прв момент јасно можев да видам дека мојот сопруг е способен за добар секс. Исчезнувањето на неговиот „орган“ длабоко во неа придружено со нејзиното гласно стенкање...

  Ми докажа дека јас воопшто не го познавам оној за кој сум се зарекла на вечна љубов и оној кој моментално ја претворил мојата куќа в бордел.

ОСАМЕНА