Еротски приказни: САМОУБИСТВО ИЛИ УБИСТВО
Дали смртта се претчувствува? Постарите со искуство раскажуваат пред смртта, луѓето ги искажуваат своите длабоки карактерни црти, агресивни се, одмаздливи и раздразливи. Нашиот претпоставен, Фис, пред смртта ги правеше сите овие грди постапки, нè уценуваше и ни се закануваше. Неговиот тежок и неподнослив карактер некои од нас го препознавме уште од првиот пат кога разговаравме, некои подоцна, но најчудно е што директорот Руди Кес не го препозна во ниедна форма.
Иако имаше поставено инспектори пред зградите во клиниката поради обезбедување, мистериозно е што тој успеа да помине низ нив и да влезе повторно кај Ема. Како успеа? Никој не можевме да ја решиме оваа енигма. Ќе се дознае сè, но треба време. Ема беше под голем шок и не можеше да се смири.
Психијатарот кој разговараше со неа и полицајките кажаа дека не може моментално да расудува и затоа го повикале Филип за да разговара со неа за да дадат конечна дијагноза за нејзината здравствена состојба. Филип разговарал со Ема и како директен учесник и како искусен невропсихијатар предложил да се смести во клиника некој ден за да се смири и за да биде под постојан надзор. Таа прифатила, меѓутоа под еден услов: јас или Кармен да бидеме со неа, на што, по долго убедување, тој прифатил.
Кармен и јас бевме задоволни со тоа што нема да бидеме разделени со Ема. Моментално, таа е толку ранлива што нема да може сама да престојува тука. Се договоривме додека едната е на работа, другата да биде со Ема и обратно. Полицајките си заминаа и рекоа дека за ден-два сè ќе се дознае, може и вистината и причината за смртта на Фис. Се сетив дека на Хуго сè уште му немам кажано за смртта на Фис. На Кармен ѝ објаснив и ја замолив да остане со Ема, а јас да одам да поразговаран со Хуго.
Бев повеќе вознемирена од што си мислев. Влегов в соба и ја заклучив вратата. Искрено, ми беше страв и почувствував како срцето ми тропа силно како ѕиден часовник. Тоа е од паниката – стресот. Колку и да мислиш дека си го поминал, не е точно. Кога еднаш ќе се добие, останува засекогаш и повторно се појавува при секоја нова возбудлива ситуација.
Легнав на креветот и ги затворив очите. Длабоко издишував и вдишував и размислував. Последните месеци бев релаксирана и живеев само за работата, за прошетки, за познанства и за забава. Ми се осветли и ми се проветри душата. Откако започна авантурата со Хуго и почна притисокот од Фис, што кон едниот што кон другиот, сфатив дека сум живеела во времето со Џино под огромен стрес. Од тоа време ми е останат овој страв.
Во иднина мора да можам да живеам без да размислувам за сè околу мене. Да заврши целата оваа збрка и ќе го сменам сосема мојот начин на живот.
Малку се смирив и му се јавив на Хуго. Веста за смртта на Фис ја ислуша мирно, не беше вознемирен и двапати го препрашав да не дознал од некого. Одрече и ми кажа дека уште не му простил, но многу му е жал. Со Фис растеле заедно и биле другари и го болела душата, меѓутоа не го оправдувал неговиот животен стил. А и многу се променил откако добил висока позиција во клиникава.
Исто така, ми рече дека ќе дојде да ме посети попладне на кратко. Ми импонираше на некого да сум му важна во животот. Дури се израдував. Станав и тргнав накај клиниката за да ја заменам Кармен.
Во меѓувреме, ми се јави директорот Руди Кес за да одам кај него. Веднаш отидов знаејќи дека има некои нови податоци, штом е толку итно. Таму беа собрани инспектори, полицајци и докторот Филип. Кога влегов, прекинаа со разговорот.
Ми понудија да седнам и ми раскажаа дека ја провериле собата на Фис. Пронашле поголемо количество дрога, лажен пасош, оружје и пари. Многу пари. Имал две спакувани торби и сè било внатре.
Се запрепастив. Рекоа дека ќе ми постават неколку прашања, но во интерес на истрагата, мора да биде во дискреција. „Па, нормално што имам јас некому да кажувам кога сите сме под истрага“, си помислив во себе.
Руди Кес делуваше многу изморено, истоштено и разочарано. Не можеше да ја смири нервозата и викаше: „Се ежам од самиот себе. Ова е моја грешка. Имав голема доверба во целиот мој персонал. Отсега натаму сите вработени ќе си ги проверувам. За Фис никогаш не би помислил вакви гадни работи. Излезе дека е најголем криминалец. Уште ако расчепкаме повеќе ќе излезе дека е главен на подземјето“.
Сите молчевме. Ме распрашуваа, бидејќи се дружевме со Фис, дали сум забележала нешто. Им одговорив најискрено: „Ние се дружевме, не баш многу Неколкупати излеговме заедно, но повеќе беше затоа што се плашев за животот на Ема. Тој ја уценуваше со синот дека ќе ѝ го земат и таа се чувствуваше немоќна и со тоа ја присилуваше на секс“. Рекоа дека ако има потреба пак ќе разговараат со мене, а ќе го прашаат Филип да ја потврди целата моја приказна. Уморна бев, се извинив и заминав. По пат ѝ се јавив на Кармен и ја замолив да седи со Ема затоа што кај мене ќе дојде Хуго. Таа се согласи и јас се вратив в соба.
Иако не бев расположена, се средив и седнав на терасата да го чекам Хуго. По некое време, тропна вратата. Влезе Хуго. И тој се средил. Кога го погледнав, се насмеав. Двајцата исто размислувавме.
Тој ме прегрна и ме бакна. Ми кажа дека после ќе разговараме за Фис и ме погледна во очите. Со многу нежност и со многу внимание ми го галеше лицето. Ми го галеше вратот и ми рече: „Сакам да сум вечно во твоите прегратки, Нада. Зошто не се сретнавме порано?“ Со прстите од рацете му ги допирав неговите мускулести раце. Тој ми ги допираше дојките, ми ги галеше градите. Целата се возбудив. Преку панталоните му го галев неговиот врел „орган“. Му ги откопчав панталоните и моите раце длабоко заронија во неговиот „орган“. Неговата сперма почна да излегува во млазови.
ПРИЈАТЕЛКИ