Еротски приказни: СРЕДБА СО АЛЕН
Откако започнав виртуелно да се допишувам со Ален, мојата осаменост се намали. Од неговите пораки и јавувања се чувствував енергично и самоуверено. Колку е поинаку кога човек не е сам, кога има некој да го праша како е и што прави. Секој сака да сака, да е сакан, да почитува и да биде почитуван.
Но, сепак имав грижа на совест. Со Милан се зедовме за да споделиме лошо и арно и да се адаптираме еден на друг, а ние еден чекор немаме мрднато за да се зближиме. Секој од нас си живееше во неговиот свет и сѐ се сведуваше на разговор за средување на куќата и на дворот.
Времето поминуваше, а Милан ме избегнуваше под изговор дека рано ни е да имаме деца. Всушност, беше заинтересиран за моите пари. Ми беше срам да им кажам на моите родители каква грешка направивме, чекав да почнат сами да ги сфаќаат работите.
Секој слободен миг го користев за да се слушнам со Ален, да прегледам што ми испратил или да му пратам порака. Иако бевме со местата оддалечени, со срцата бевме блиску. Верував дека е така бидејќи нашата преписка беше таква, меѓутоа не можев да бидам сигурна сѐ додека не се видиме.
Од ден на ден блискоста сѐ повеќе се зголемуваше. Веќе знаеше кој број носам на градник, маица, обувки, а исто така, и јас за него. Ален нон-стоп ми праќаше фотографии или видеа. Тој не можеше да издржи, ако не се слушневме ден-два, веднаш реагираше.
Всушност тој работеше како ИТ во фирма за компјутери. Кога му реков за мојата идеја дека сакам да заработам пари за да купам куќа и да живеам на брегот од океанот и тој ми кажа дека и тој ќе дојде со мене велејќи ми: „Лудувам по таква куќа и нормално заедно ќе одиме на океан каде што покрај брегот ќе направиме куќа со ресторан“. Мојата илузионистичка идеа му се допаѓаше и нему. Само човек, романтичар со добра душа, можеше да биде таков фантазер.
Една ноќ Милан беше на работа, а јас бев дома. Некој ми испратил слика од Милан со една од собарките. Некој ги сликал и сакал да ме извести мене. Тие насмеани, прегрнати, среќни и двајцата, а таа во многу оскудна облека. Се вчудоневидив.
Можно ли е Милан да не ми е верен? Ништо за мене не беше оправдано бидејќи ги трошеше моите пари на забави. А каде е моето време, мојата изгубена љубов? Мојата доверба?
Јас не добив маж, добив багаж. Уште и него го влечкам низ животот. Чекав да се врати дома, да го погледнам в лице и да му ја покажам сликата и да го избркам, но потоа решив да се откажам. Ако досега се двоумев за средбата со Ален, по овие настани, решив прво да се сретнам со Ален, а потоа да одлучам што ќе преземам понатаму.
Ѝ се јавив на една другарка, која имаше куќа на езеро. Ѝ раскажав за мојата ситуација и ја замолив викендов да ми направи алиби пред Милан дека со неа ќе одиме на викенд во куќата на езеро. Таа прифати за ми помогне затоа што Милан ѝ беше сомнителен уште на почетокот, а кога ѝ ги испратив сликите со Милан и собарката, веќе му беше и многу лута поради неговото неверство.
Потоа му се јавив на Ален и го прашав дали е слободен за да се видиме викендов. Ален со воодушевување се согласи да се видиме. Ми кажа дека ќе закаже в хотел надвор од градот за петок и сабота.
Дојде петок и со нетрпение чекав да се качам во воз и да заминам да престојувам во местото каде што Ален живее. Всушност, најдобрата варијанта е што ќе се запознам со Ален, ќе се дружам и ќе се забавувам. По пат беше пријатно, имаше многу убава природа и за брзо време стигнав. Кога слегов, Ален ме чекаше. Кога ме виде, ме препозна и дотрча кажувајќи ми: „Каролина, јас сум Ален“. Потоа ме прегрна и заминавме со кола до хотелот. Се пријавивме и веднаш влеговме во собата и започнавме да разговараме.
Седнав на креветот, тој стоеше пред мене. Сакав да го допрам за да видам дали е ист како во моите фантазии. Убаво ми мирисаше. Ако можам да го мирисам, значи ќе го поднесам. А и Ален ми рече дека убаво мирисам. И двајцата се насмеавме. Потоа го помилував по образот. Тој почна да ме бакнува по лицето и со јазикот да ми ги лиже усните. Ја прифатив неговата игра.
Почнавме дел по дел да се соблекуваме. Ги соблеков панталоните и тој почна да ме гали по задникот. „Каролина иста си како на видео. Имаш извајан задник“, ми кажа низ воздишки. Јас му го отворив патентот од панталоните. Низ малите боксерки излезе неговиот „орган“. Почнав да му го галам и кога порасна почнав да му го лижам. Му го лижев главчето соблекувајќи му ги боксерките. Подоцна, тој ми ги бакнуваше колковите, па отиде нагоре по градите. Почна да ги бакнува едната па другата. Му го гледав лицето. Навистина беше задоволен, а и јас. Ми ги крена нозете на неговите рамена и го „стави во мене“ неговиот „орган“. Се обидуваше да е нежен, меѓутоа не издржа и по извесно време почна лудачки да се ниша заедно со мене и му се растури сперма по моето тело. Се грчеше подолго време.
Јас се видов на огледалото. Бев жар црвена, а срцето ми трепереше. Го гледав неговото лице и мене Ален не ми изгледаше како некој непознат, туку како некој близок, кој не сум го видела извесно време. Колку бев среќна бидејќи си одговаравме двајцата. Потоа, влеговме заедно да се истушираме и се облековме. Отидовме в ресторан. Јадевме локален специјалитет. Пиевме вино и се расположивме.
Молчевме и јас прва му реков: „Ален, воопшто не се каам што дојдов да се видиме. Сега уште е почеток, меѓутоа се надевам дека до недела наутро ќе се забавуваме“. Ален ме гледаше право в очи, пиеше вино и молчеше. Знам што сакаше да ме праша. Со прст му ја затворив устата тивко велејќи му: „Не зборувај, те молам. Да не мислиме на друго. Овие денови да си поминеме убаво. А потоа, коцките сами ќе си се редат“ .
В позадина почна да се слуша музика. Ален стана, ме прегрна и почнавме да играме. Повеќе летав од среќа отколку што играв.
ОСАМЕНА