Есенско совршенство со смела комбинација на бои: Северина носи супермодерно, специфично здолниште (ФОТО)
Северина Вучковиќ е можеби една од најстилските жени на Балканот. Нејзините комбинации секогаш привлекуваат внимание, како екстравагантните за настапи и специјални пригоди, така и секојдневните што може да ги носи секој од нас.
Пејачката за посета на галерија избрала совршената есенска комбинација за која сите имаат пофални зборови.
Северина се појави во специфично есенско здолниште со шлиц на страна, додека неговиот кариран дезен потсетува на јакните кои сите ги имаме. Пејачката го усогласи со бела класична кошула со пуфкасти ракави, над која облече елек во комбинација од беж и сини нијанси.
Уште еден впечатлив детал е изборот на обувки. Севе се одлучи за бела боја и модел кој по форма наликува на балетанки, но тие се всушност едни од најелегантните штикли кои сме ги виделе досега.
Впечатливата чанта која одговара на елекот и фенираната коса се доволни детали со кои пејачката блесна во совршеното есенско издание.
Таа привлече бројни позитивни коментари за својот изглед и смелата комбинација на бои.
извор:GLOSSY