Еве како изгледа жената која ги заведе Анџелина и Мадона: Едната сакаше да се ожени со неа, а другата беше воодушевена од игрите во кревет (ФОТО)
Познатата актерка Анџелина Џоли неодамна ја загрижи
јавноста со својот физички изглед, предизвикувајќи различни коментари. Имено,
многумина коментираа дека актерката физички изгледа многу лошо, додека нејзиниот
поранешен сопруг Бред Пит никогаш не изгледал подобро.
Интересно е што Анџелина со години била љубовница на актерката Џени Шимицу, во која се заљубила штом ја запознала. Денес, нејзината поранешна девојка е среќно мажена за бренд консултантот Мишел Харпер, пренесува Noizz.
Анџелина еднаш рекла: „Да не се омажев за мојот сопруг тогаш, ќе го направев тоа со Џени. Се заљубив во неа веднаш штом ја видов“. Нивната врска траеше и додека Анџелина се гледаше со мажи, а дури во 2003 година таа јавно проговори за својата бисексуалност.
Џени беше супермодел и актерка. Таа беше заштитно лице на Келвин Клајн CK1 и е првата Азијка која работеше за Прада на Модната недела.
Таа глуми во Foxfire, Itty Bitty Titty Committee и Dante's Cove. Таа е во сречен брак, а нејзината венчавка ја пренесоа сите водечки американски медиуми.
Џени наводно била кобна за уште една позната дама, поп-кралицата Мадона, а тоа го открила и самата кога изјавила дека таа е нејзиниот „таен повик за секс“. За разлика од Анџелина, Мадона никогаш јавно не проговори за нивната врска, но неколку пати беа фотографирани заедно.
- Ќе ми ги плаќаше летовите до каде и да е во светот само за да спиеме заедно. Бев нејзина сексуална робинка – тврдела таа на Шимицу.
Фото: youtube/screenshot