„Eve Duet“- новиот сензуален и заведувачки парфем на Авон

Добивај вести на Viber

Холивудската актерка Ева Мендез е новото лице на мирисливиот бренд кој содржи блескав и живцветно-овошен мирис, какои сензуален и заведувачки дрвно-цветен мирис, за бесконечни интригантни комбинации. Ако нашиот избор на облека е одраз на променливото расположение секое утро, зошто тогаш да не се искажеме себеси и преку мирисот, исто така? Со многу прекрасни, интригантни, секогаш променливи аспекти кои ја градат личноста на еднажена, само еден парфем може да биде недоволен за да го искаже сето она што сме. Avon ја слави мулти-димензионалноста на модерната жена со лансирањето на Eve Duet - карактеристичниот двоен мирис. Двата мириси се дизајнирани да бидат во совршена хармонија, да се користат одделно или нанесени во слоеви заедно за да создадат бесконечни мирисливи комбинации и можности. Од блескавиот и жив цветно-овошен мирис, до впечатливиот и заводливсензуален дрвено-цветен мирис, Eve Duet нé води на едно екпериментално патување, негувајќи ги контрастите и спротивностите кои ги поседува жената. За да ги персонифицира многуте различни страни на Eve Duet, Avon гордо најавува дека актерката Ева Mендез е лицето на парфемот. Ева е талентирана и прекрасна ѕвезда,светски позната по многуте различни улоги на модерна жена на денешницата. Од мајка на две деца, до успешна актерка, модна дизајнерка и претприемач, Ева ги воодушевува сите околу неа со нејзината забавна, храбра и впечатлива личност.