Еве што ѝ предвиде словенечка реклама од 1993 година на Меланија Трамп: Видеото го сруши Интернетот - Сите се восхитуваат на природната убавина на ново-старата прва дама
Меланија Трамп повторно е во центарот на вниманието откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД.
Поранешната манекенка Меланија Трамп, по потекло од Словенија, е ново-старатапрва дама на Америка. Таа претходно ја носеше магичната титула „прва дама“ за време на мандатот на Доналд Трамп од 2016 до 2020 година.
Игра претседателка во реклама
На интернет сега кружи видео од словенечка реклама од 1993 година, во која Меланија глуми ни помалку ни повеќе туку претседателка. Имено, на видеото кое го преплави ТикТок се гледа како таа излегува од авион и ја поздравува делегацијата, по што во придружба на обезбедувањето влегува во автомобил и ја поправа шминката подготвувајќи се за инаугурацијата. А на крајот од видеото се насмевнува.
„Можеби таа треба да се кандидира за претседател“, се вели во видеото кое стана вирално со брзина на светлината.
@danideeeee1 Maybe she should run for president #melaniatrump #usa #president #trump #fyp #90s maneater - favsoundds
„Вежбала од 1993 година“.
„Не стана претседателка на Словенија, но смисли нешто подобро“, „Вежба од 1993 година за ова сега“, „Таа е убава“, „Можеш, Меланија“ се само дел од коментарите подолу под видеото.
„Треба да си родена во САД за да се кандидираш за претседател“, напиша еден корисник, објаснувајќи зошто Меланија не може да биде претседателка.
Да потсетиме, Меланија ја започна својата кариера како модел на модните писти во Европа, но стана глобално препознатлива на модната недела во Њујорк. Во 1998 година, таа го кажа судбоносното ДА со Доналд Трамп на една забава.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs