Ги издолжуваат нозете и лесно се комбинираат: Фармерки кои ги носат сите, од Меган Маркл до Кејти Холмс
Фармерки со куси ногавици се идеални за овој период од годината бидејќи нудат помала покриеност за да го максимизирате протокот на воздух, овозможувајќи ви да ги покажете вашите сандали или бели патики...
Ако мислевте дека мора да ги спакувате зимските фармерки, размислете уште еднаш, бидејќи Холивуд ни покажува дека тие можат да бидат практични за сезоната што претстои.
Кејти Холмс, Гвинет Палтроу и повеќе ѕвезди носат фармерки во различни трендовски стилови.
Холмс носеше ултра широки џинс шорцеви во Њујорк, додека Палтроу отиде на
пролетна прошетка во пар џинс шорцеви со широки ногавици. Меган Маркл неодамна
ја забележавме во бела варијанта во склад со пролетната сезона.
Фармерките со куси ногавици се идеални за овој период од годината бидејќи нудат помала покриеност за да го максимизирате протокот на воздух, овозможувајќи ви да ги покажете сандалите или белите патики, пренесува People.
Фармерки и џемпер
Ѕвездата од филмот „Денес 3, утре 30“, Џенифер Гарнер излезе на прошетка со своето момче Џон Милер и изгледаше прекрасно.
Таа, исто така, облекла патики со зелени детали и одлично и прилегале со нејзиниот зелен џемпер, додека на себе носи фармерки со куси ногавици.
Опуштено е најдобро
Џенифер Лопез минатата недела отиде во Париз со нејзината ќерка Еми, облечена во облека што би посакале да ја имате во вашиот плакар.
Џенифер носела лесни фармерки во кои сме ја виделе неколку пати оваа пролет, но со пресврт на кој досега не ни помислувавме.
Нејзините ултра широки фармерки всушност наликуваат на тренерки.
Изгледот го стилизирала со основни детали како бела маичка што можете да ја комбинирате со секој долен дел и бели патики, кои исто така неодамна ги носеа Кејти Холмс и Натали Портман.
И Оливија ги сака
На неодамнешниот настан за „Baby 2 Baby“ и „Huggies“, актерката Оливија Вајлд облече пар фармерки со широки ногавици. Широкиот долен раб е инспириран од 70-тите.
Вајлд не е единствениот обожавател на овој модел на фармерки, бидејќи неодамна во нив се забележани и Џенифер Лопез и Минди Калинг.
Фармерките со широки ногавици имаат ефект на издолжување на нозете што ја подобрува вашата форма, а опуштеното вклопување овозможува подобар проток на воздух од потесните модели.
Без разлика дали сакате широки или куси фармерки, висок струк или нешто помеѓу, секогаш можете да најдете убав пар фармерки што одговараат на вашиот стил.
Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs/