Фаталната убавица овие денови не им дава мир на Грците и прави хаос на Миконос, а со фотките го „вознемири“ Интернетот
Никол Шерцингер неодамна го прослави својот 44 роденден во Миконос, Грција, а познатата пејачка толку многу ужива во оваа земја што се прашуваме дали некогаш ќе ја напушти.
Роденденска прослава, дружење со пријателите, многу забава, смеа, уживање во сонцето, привлечноста на Миконос... Па зошто воопшто би помислила да замине?
Никол Шерцингер навистина лудо се забавува во Грција, како што пренесуваат фотографиите, но не само тоа. Пејачката подготви серија одлични и предизвикувачки комбинации за својот одмор, во кои шета низ популарниот грчки остров.
Нејзината привлечност дошла до полн израз, а во изборот на предизвикувачка облека знаела и да ја премине границата, што ќе го видите во галеријата на сликата каде позира во металик фустан.
Друштвото на Никол Шерцингер во Грција го сочинуваат нејзиното момче Том Еванс и бројни пријатели.
фото: Инстаграм screenshot