Фенг шуи совети за слабеење: Овие работи мора да ги промените во кујната ако сакате да изгубите килограми

Практични совети кои ќе ви помогнат да изгубите тежина

За слабеење не е доволно само да се занимавате со физичка активност и да ги намалите оброците ... Домот во кој живееме, особено кујната мора да биде уредена на одреден начин, а постојат одредени трикови и совети кои треба да ги примените доколку сакате да го намалите апетитот и прекумерното прејадување.

1. Бои кои преовладуваат

Некои истражувања покажаа дека одредени бои го поттикнуваат апетитот. Овие тонови ги вклучуваат следните бои: окер, различни нијанси на жолта, кафена, но и зелена. Боите кои нема да го поттикнат вашиот апетит се сите нијанси на сина и малку виолетова. На пример, храната на бели или жолти чинии изгледа многу попривлечна отколку, да речеме, на сина.

2. Не правете работен простор во близина на кујната

Доколку практикувате да работите во близина на фрижидерот и воопшто во кујната, почесто ќе правите паузи за да јадете нешто. Погрижете се околу вашиот работен простор да нема чинии со грицки, чоколади итн. Накратко, колку е храната поблиску до вас, толку полесно и поверојатно ќе посегнете по неа. Затоа, наместо храна, во работниот простор вметнете украсни елементи како цвеќиња, кристали, школки и слично.

3. Со зеленило против стрес

Бидејќи стресот е многу чест предизвикувач за прејадување, за да го намалите стресот, распоредете го вашиот животен простор на начин што сè ќе ве потсетува на удобност и релаксација. Внесете растенија, аквариум со риби, закачете слики од пејзажи и оние работи што ќе ви вратат убави спомени. Друг корисен совет е да се ослободите од се што не ви треба или што ја изгубило својата цел и намера. Нередот и пренатрупаноста носат лоша енергија и расположение, што дополнително може да ве поттикне да јадете повеќе од вообичаено.

4. Редовно проветрувајте ја кујната

Секогаш кога готвите или подготвувате нешто, обидете се добро да ја проветрите кујната. Мирисот на храната што останува може да го зголеми апетитот, па затоа е пожелно и неопходно свеж воздух редовно да тече низ оваа просторија.

5. Никогаш не ставајте го телевизорот во кујната или трпезаријата

Ако преферирате да јадете и да гледате телевизија во исто време, ќе јадете повеќе храна, а тоа е потврдено со бројни студии. За време на оброкот треба да се фокусирате на внесувањето храна, да јадете полека и смирено.


Фото: unsplash


Секој дом треба да го има: Ова растение привлекува пари и успех