Филипче кажа кога животот ќе се врати во нормала
Според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче кон крајот на април животот во Македонија полека треба да се враќа во нормала.
„Сакам да упатам порака дека нема да може лесно, целокупниот работен процес и животот, да се врати со ист интензитет, имајќи ги во предвид искуствата на другите земји. Секогаш постои ризик и за друг пик на новодијагностицирани пациенти. Следната недела започнуваме интензивна комуникација со претставници на стопанските комори, а на кои од наша страна и комисијата за заразни болести ќе им се даде јасна насока на економските оператори, производствени капацитети, угостители, како треба нивниот работен процес да го организираат за да во моментот кога ќе се одлучи дека е дојден момент да се отстранат ригорозните мерки, процесот постепено да се врати во нормала“, рече Филипче.
Ова е новата состојба на заболени од Ковид-19 во моментов.