Филмски: Србинка му позајми пари за такси на атлетичарот од Јамајка кој доцнеше на ОИ и благодарение на неа освои злато

Србинката Тијана Стојковиќ, една од волонтерките на Олимписките игри во Токио, му помогна на јамајканскиот атлетичар Хансл да освои злато на 110 метри со пречки.

Одличниот спортист за малку и немаше да настапи во финалето.
Имено 31-годишниот спортист се качил на погрешен автобус на денот на финалето на ОИ во оваа категорија и сфатил дека постои шанса да ја пропушти најголемата трка во својот живот поради оваа грешка.

Хансл почнал да паничи, па Тијана Стојковиќ пристапила со помош и му дала пари за такси за да стигне до последната трка. 
Тој пристигна на време и го освои златниот медал.

Потоа ја нашол Тијана и ѝ се заблагодарил за помошта. Два дена по трката, тој објави благодарност до неа на социјалните мрежи, што подоцна сподели и јамајканскиот премиер Ендрју Холнес.

- Тијана одигра клучна улога во освојувањето на медалот. Се' се случи затоа што таа ми помогна - изјави Хенсл Пергамент.

Тијана доби официјална покана од владата на Јамајка да дојде во нивната земја како гостин, но не е познато дали ја прифатила поканата или не. Засега е познато дека добила маичка од Хенсл и дека се фотографирале.


извор:cafe.ba