ФОКУСИРАЈ СЕ НА ВАЖНОТО - ЗАПОЧНА ЕДУКАТИВНАТА КАМПАЊА НА ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА

Добивај вести на Viber

Пензиските друштва Сава пензиско друштво АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, во соработка соАгенцијата за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), започнаа со информативно-едукативната кампања за функцијата на пензиските столбови – „ФОКУСИРАЈ СЕ НА ВАЖНОТО!“

Целта на оваа кампања е подигнување на свесноста и информираноста кај населението за работата на пензиските друштва, како и предностите од направената пензиска реформа, фокусирајќи се на работата на вториот задолжителен пензиски столб.

Со направената реформа во 2006 година, дел од придонесите за пензиско и инвалидско осигурување се акумулираат во еден од двата задолжителни пензиски фонда од вториот столб и истите се инвестираат со цел остварување принос и капитализација на парите на идните пензионери, при што ќе се намали товарот врз Буџетот наДржавата за покривање на пензиите од првиот столб.

Како резултат на добрите инвестиции и остварените добивки на пензиските друштва, КБ Прво пензиско друштво и Сава пензиско друштво во периодот од почетокот со работењето до 30.9.2018 година, сметководствената единицана задолжителните пензиски фондови (втор столб) имаше просечен годишен раст од 5,64 %*.

Пензиските друштва преку кампањата повикуваат на зголемување на интересот на сите граѓани за нивните лични пензиски заштеди, ажурирање на личните податоци и користење на можноста за редовна проверка на состојбата на нивната пензиска сметка.

Истражувањата на пензиските друштва покажуваат дека бројот на членови што редовно си ја следат состојбата на пензиската заштеда преку интернет-страните на пензиските друштва или кои повремено бараат дополнителни извештаи за пензиска заштеда е мал и наспроти очекувањата, расте многу бавно.

Пораката на пензиските друштва, пренесена во оваа кампања, е да се поттикне членството во фокусот на вниманието да вклучи еден особено важен сегмент од животот и планирањето на иднината, информацијата за состојбата и движењето на пензиската заштеда.

Проверете ја состојбата на вашата пензиска сметка и дознајте повеќе за вашата пензиска заштеда на penzija.mk.